fbpx

Техада: Се надевам дека Собранието ќе го реши прашањето за локалните избори

-

„Се надевам дека Собранието ќе го реши наскоро ова прашање и се надевам дека наскоро ќе има избори, иако малку подоцна отколку што беше планирано. Сепак, најважно е изборите да се одржат“, одговори на новинарско прашање за пролонгирањето на локалните избори швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада, на завршниот настан на програмата „Форуми во заедницата“.

Министерката за локална самоуправа Ширет Елези, на прашањето како ќе функционираат општините ако наскоро не се распишат локалните избори, рече дека за локалните избори не е надлежно Министерството за локална самоуправа, туку Министерството за правда и дека не сака да прејудицира кога ќе бидат распишани изборите и што ќе се случи.

Програмата „Форуми во заедницата“ е модел за вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки од локалната самоуправа и има цел да го поддржи процесот на децентрализација во Македонија.

Граѓаните, на овој начин, имаат можност да го подобрат секојдневниот живот со сопствени идеи и со учество, а администрацијата да развие локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...