fbpx
Таг: пресуда

таг: пресуда

Груби: Јавното обвинителство донесе правична одлука за „Монструм“

Пратеникот на ДУИ во Собранието, Артан Груби, денеска од името на партијата ја поздрави одлуката на Јавното обвинителство, кое вчера побара од Врховниот суд да ја укине пресудата на Кривичниот и на Апелацискиот суд за случајот „Монструм“ и да го врати предметот на повторно судење. Тој, на прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје, истакна дека со разрешувањето на јавниот...

Судот на 17 октомври ќе донесе пресуда за „Диво Насеље“

Основниот суд Скопје 1 за 17 октомври го закажа соопштувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонската полиција. Денеска се одржа последното рочиште на кое беа изнесени завршните зборови на обвинетите и на нивните адвокати. Обвинетите останаа на барањето дека во судница треба да се повикаат...

Поранешниот шеф на Кривичниот суд, Панчевски, осуден за мобинг

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, е осуден за мобинг, по тужбата што против него ја поднесе Горан Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во судот, објави денеска Основниот суд Скопје 2. Според „Википедија“, мобинг е појава на психичко малтретирање на работното место, кое се повторува низ активности чија цел е деградација на работните услови на работникот,...

Медарски: Пресудата за навреда на Ердоган е спротивна на практиката на судот во Стразбур

Членот од Кривичниот законик и пресудата на скопскиот кривичен суд со која лицето Е.А. е осудено за навреда на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на „Фејсбук“ се спротиви на праксата на Европскиот суд за кочвекови права во Стразбур, смета адвокатот Филип Медарски. - Самиот член, а посебно пресудата се спротивни на практиката на Стразбург - напиша Медарски на „Твитер“, посочувајќи...

Скопскиот суд пресуди 400 евра казна за навреда на Ердоган на „Фејсбук“

Кривичниот суд во Скопје го прогласил за виновен Е.А. поради навреда на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на „Фејсбук“, јавува турската новинска агенција „Анадолу“. Судот го осудил Е.А., кој има македонско и турско државјанство, на парична казна од 24.600 денари (400 евра), во процесот што беше отворен по кривична пријава од амбасадорката на Турција во земјава, Тулин Еркал Кара,...

Градоначалникот на Кавадарци осуден на два месеци затвор поради давање поткуп за избори

Судот му изрече два месеци затворска казна на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов за нудење и давање поткуп за време на минатогодишните предвремени парламентарни избори. За кривичното дело за кое е осуден Панов предвидена е парична казна или казна затвор од една година. Како што појаснил судијата Лазар Нанев при изрекувањето на пресудата, според класификацијата на делото и околноста дека...

Богоев: Скандалозна е пресудата на “сваровски судиите“ за Урко

Скандалозна е пресудата со која поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митревски - Урко е осуден на условна казна за сообраќајната несреќа во која загина момче, изјави денеска на прес-конференција Стефан Богоев, пратеник и претседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ). Според Богоев, ова е уште еден доказ дека „поданиците на поранешниот режим сè уште се привилeгирани и се над...

ТЕ–ТО го доби спорот со „Топлификација“

Апелацискиот суд во Скопје донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на „Топлификација“ АД за присилна наплата на побарувања врз основа на заеми, што „Топлификација“ АД ги дала на ТЕ-ТО АД, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Македонската берза за хартии од вредност. За овој предмет првостепениот суд еднаш донесе пресуда во корист на „Топлификација“ АД, на што...

Шилегов: Нарачана, криминална и срамна е пресудата за насилниците во Собранието

„Искрено се надевам дека никој кој учествувал во оваа партиски нарачана пресуда, нема да го доживее она што го доживеаја пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство, на нивните работни места да бидат нападнати од толпа, за да знаат дека ваквите пресуди што ги донесоа се криминал, срам и можеби еден од најцрните денови во историјата на македонското судство,“ одговори...

Кочан во прединфарктна состојба бил примен на Клиниката за кардиологија

Бизнисменот Сеад Кочан, кој два месеци беше во бегство, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија во Скопје со влошена здравствена состојба, објавија денеска дел од медиумите. Како што пишува порталот „Призма“, повикувајќи за извори од Клиниката за кардиологија, Кочан бил примен во прединфарктна состојба и денеска му бил вграден стент. Засега нема официјална потврда на информацијата дека Кочан, кој е...

Прилепскиот суд ги отфрли сите 7 обвиненија против адвокатот Жарко Стеваноски

Основниот суд Прилеп ги отфрли последните три обвиненија кои против еден од водачите на „Шарената револуција“ во Прилеп, Жарко Стеваноски, ги поднесе СВР Битола, односно Полициска станица  Прилеп. Со тоа, прилепскиот адвокат е ослободен од сите седум поднесени обвиненија за наводно загрозување на безбедноста во сообраќајот за време на одржувањето на минатогодишните граѓански протести, пишува „Публикум“. Коментирајќи ги пресудите, Стеваноски вели дека...

Петмина работници ја победија Црна Гора во Стразбур

Петмина поранешни вработени во некогашниот гигант на СФРЈ и потоа на СРЈ, производителот на градежни машини „Радоје Дакиќ“, по седум години чекање, го добија спорот против владата на Црна Гора што го поведоа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јавија црногорските медиуми. Сега црногорската влада мора да им исплати најдоцна за три месеци сума од 217.000 евра, колку...

Врховниот суд на Русија укина затворска казна на опозициски активист

Врховниот суд на Русија денеска ја поништил пресудата со која опозицискиот активист Илдар Дадин беше осуден на две години затворска казна поради кршење на законот за јавни собири. Судот, како што јавуваат светските медиуми, наредил ослободување на Дадин, со што судскиот процес за неговиот случај е и официјално завршен. Дадин во декември 2015 година беше осуден на две години затвoр поради...

Вучиќ: Зад барањето за ревизија на пресудата за Сребреница не стои добра намера

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека зад неодамнешното барање за ревизија на пресудата на Меѓународниот суд за правда во Хаг по тужбата на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид, „не стои добра намера“ и најави дека најдоцна до среда за тоа ќе разговара со претставниците на власта и на опозицијата во Република Српска. - Очигледно е дека...

Одлуката на Стразбур е потврда дека сериозно се прекршува слободата на изразување

„Одлуката на Европскиот суд за човекови права е црно на бело - потврда дека во Македонија се прекршува правото на слободно изразување. Тоа е ноторен факт утврден од релевантен суд“, вели Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија, за одлуката на судот во Стразбур да пресуди во корист на новинарите што беа исфрлени од собраниската седница на 24 декември...

СДСМ: Пресудата на Стразбур е доказ дека власта на Груевски ги прекрши Уставот и законите

Со пресудата на Судот во Стразбур се потврди дека на 24 декември 2012 година, Владата предводена од Никола Груевски изврши грубо прекршување на законите и на Уставот на Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ по повод пресудата на Европскиот суд за човекови права во корист на новинарите кои физички беа отстранети од собраниската седница на т.н. „црн...

ЗНМ: Во Стразбур победи правдата за новинарите

Здружението на новинарите на Македонија денеска ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права за случајот „Селмани и други против Република Македонија“, поврзана со настаните од 24 декември 2012 година или т.н. „црн понеделник“, кога новинарите беа насилно избркани од галеријата на Собранието на Република Македонија. „Пресудата на Европскиот суд констатира повреда на две права гарантирани со Европската конвенција за...

Стразбур одлучил во корист на новинарите кои беа исфрлени на „црниот понеделник“

Европскиот суд за човекови права и слободи одлучил во корист на новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски, кои физички беа отстранети од собраниската седница за време на носењето на буџетот на 24 декември 2012 година. Новинарите побарале отштета од 5.000 евра секој, при што Владата ги оспорила овие барања како неосновани и прекумерни....

Отштета од 60 милиони евра за жени со дефектни импланти за дојки

Француски суд пресуди дека германскиот контролор на безбедноста „ТУВ Рајнланд груп“ (TÜV Rheinland Group) ќе мора да плати вкупно 60 милиони евра отштета на 20.000 жени кои добиле дефектни импланти за дојки што биле одобрени за употреба од оваа група. „ТУВ Рајнланд“ ќе мора да исплати по 3.000 евра со клаузула за враќање, на секоја од тужителките поради тоа што...

Апелација ја потврди 20-годишната затворска казна на Хаџиски за убиството на Јошевска

Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда од 20 години затвор на Миле Хаџиски за убиството на Мери Јошевска, кое се случи во јуни 1993 година во Скопје, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Кривичниот суд во Скопје го осуди Хаџиски на 20-годишна затворска казна лани во декември, во повторен судски процес, бидејќи обвинетиот повеќе од 20 години беше во бегство...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...