fbpx
Таг: потписи

таг: потписи

Заев: Ахмети не ми побарал пишан документ, но штом сака, ќе го добие

Ќе им ги дадеме материјалите на ДУИ, правиме сè да се заврши процесот на собирање потписи за да можеме да влеземе во преговори за формирање влада, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. Тој рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, досега лично не му побарал никаков пишан документ, но...

Касами и Села ќе му дадат потписи на Заев за мандат, Ахмети тактизира и чека материјали

Еврокомесарот за проширување и добросеседска политика, Јоханес Хан, ги заврши средбите со лидерите на политичките партии што имаат мандати во Собранието, Беса, Алијанса за Албанците, ДПА и ДУИ, на кои било разговарано за ставовите на партиите околу формирањето на новата влада. Потпретседателот на Беса, Африм Гаши, по средбата изјави дека тие се подготвени да ги додат потписите на петте пратеници за...

Бачев побара од Собранието да распише референдум за членството на Македонија во ЕУ

Партијата Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Собранието ја поднесе претходно најавената иницијатива за распишување „консултативен референдум за членство на Македонија во Европската Унија“. Како што посочи претседателот на НДМ, Јанко Бачев, иницијативата што ја поднесуваат опфаќа две фази, односно Собранието само да распише референдум според член 20 од Законот за референдум, а доколку не го стори тоа, партијата...

Петицијата за втор референдум во Британија собра повеќе од 3 милиони потписи

Петицијата за одржување втор референдум во Велика Британија околу членството во Европската Унија до денеска ја потпишале 3 милиони граѓани. Петицијата за втор референдум беше иницирана во петокот, неколку часа откако резултатите од гласањето претходниот ден покажаа дека 52 отсто наспроти 48 отсто од Британците се изјасниле за напуштање на ЕУ. Според она што е објавено во прилог на петицијата, од...

Повеќе од 800.000 Британци ја потпишале петицијата за нов референдум

Повеќе од 800.000 Британци досега ја потпишале петицијата за одржување на нов референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија, јавуваат британските медиуми. Петицијата за втор референдум беше иницирана вчера, неколку часа откако резултатите од гласањето во четвртокот покажаа дека повеќето граѓани се изјасниле за напуштање на ЕУ. Сите петиции што ќе добијат повеќе од 100.000 потписи мора да бидат разгледани...

Собрани 1,8 милиони потписи за смена на претседателот на Венецуела

Приврзаниците на венецуелската опозиција излегоа на протести барајќи референдум за отповикување на претседателот Николас Мадуро. Венецуела е во криза, поделена од политичката војна помеѓу парламентот, кој го држи опозицијата, и социјалистичката влада, во време кога народот е незадоволен поради колапсот на економијата на оваа земја богата со нафта. Приврзаниците на коалицијата Тркалезна маса за демократско единство, на десниот центар, протестираа во...

Иницијативата за импичментот на Иванов влезе во собраниска процедура

Барањето за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов која ја поднесе пратеничката група на СДСМ досега ја потпишале вкупно 52 пратеника, што е доволно за да може да се почне процедурата за импичмент. Како што информираат од пратеничката група на опозицијата, иницијативата за импичмент на Иванов ја потпишале пратениците од СДСМ и коалиционите партнери, 16 пратеници од ДУИ, независните пратеници, Лилјана Поповска...

Од денеска течат роковите за собирање потписи за независни пратеници

Од денеска, според роковникот на Државната изборна комисија, сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7. „Државната изборна комисија ве известува дека собирањето на потписи ќе се изврши пред овластените лица на...

Весел Мемеди обвинува дека сакале да го сменат со фалсификувани потписи

Претседателот на НДП, Весел Мемеди, денеска на прес-конференција обвини дека по иницијатива на поранешниот претседател на неговата партија, Руфи Османи, неколку члена од централното претседателство фалсификувале потписи кои потоа ги искористиле за иницирање петиција за негова смена. - Оваа група од четири-пет луѓе манипулираа со потписите на собранието на нашата партија, за разрешување на претседателот на партијата. Тоа се фалификувани потписи. Оваа...

ДУИ собра потписи за иницијативата, ќе ја поднесе кога ќе обезбеди мнозинство

Вкупно 26 пратеника денеска ја потпишаа иницијативата на ДУИ да се повлeче одлуката за распуштање на Собранието. Потписи на иницијативата ставиле пратениците од ДУИ и од ДПА, како и пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска. Како што информираше Артан Груби, шеф на кабинетот на Али Ахмети, иницијативата ќе биде поднесена кога 62 пратеника ќе потврдат дека ќе гласаат за да се одложи...

Кривопаланчани утре ќе протестираат против изградба на џамија во нивниот град

Кривопаланчани утре ќе излезат на мирен протест против „исламизација на Крива Паланка“. Протестот ќе се одржи во 13.30 часот на Соларски мост. На „Фејбук“ се појави плакат со кој се повикуваат жителите да излезат на протест. Граѓаните собираа и потписи за да покажат дека се против изградбата на џамија во нивниот град. Градоначалникот на Општината, Арсенчо Алексов, за „Мета“ изјави дека пред Општината...

Неуспешна иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4

Граѓанската иницијатива за спас на зеленилото во населбата Карпош 4 не успеа да собере доволно потписи за запирање на процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, со кој е предвидено да се изградат станбени објекти и паркиралишта на местото на дрвјата и на зеленилото. На иницијативата се потпишале 2.600 жители, а за успешна акција потребни беа...

Почна собирањето потписи за измени на Законот за аменестија

Почна собирањето потписи за граѓанската иницијатива за измена на Законот за аменестија, за што се потребни 10.000 потписи. Во согласност со предлогот, се предвидува намалување на затворските казни и ослободување на дел од затворениците, но со него не се опфатени лицата што извршиле геноцид или се во бегство. Иницијаторите реагираат дека  засега не се знае како осудениците ќе можат да се изјаснат...

Општина Карпош: СДСМ се најголемите лажговци на политичката сцена

„Најголемите лажговци на политичката сцена во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз предводен од Бранко Црвенковски и од Зоран Заев, не престанаа да се занимаваат со кражби. Овојпат, измислија кражба на зеленилото во Карпош. Наводно, Општината ќе им ги украла зеленилото и дрвјата на граѓаните и тоа, ни помалку ни повеќе, преку урбанистички план“, реагираат од Општина Карпош на прес-конференцијата на советничката...

СДСМ: Почна сечата на дрвја во Карпош

„На ова место каде што се наоѓаме, веќе е пресечено првото дрво. Ќе биде порамнет со земја целиот парк. Тука Стевчо Јакомовски и ВМРО-ДПМНЕ ќе градат катна гаража. Ова нема да биде единствениот уништен парк во општина Карпош, туку еден од неколкуте кои ќе исчезнат, за Стевчо Јакимовски и партнерот Груевски да градат гаражи. Тоа е предвидено во новиот...

Карпош 4 собира потписи за спас на зеленилото, Јакимовски „дава“ поддршка

Жителите на општина Карпош почнаа да собираат потписи за да го запрат процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, кој предвидува згради и паркиралишта на местото на зеленилото што ќе биде уништено. Целта на акцијата е враќање на деталниот план во фаза на анкета и на јавна расправа, за жителите да можат да учествуваат во одлуките на Општината. Акцијата...

Повторно протест пред Собрание, граѓаните бараат измена на Законот за амнестија

Граѓанската иницијатива за донесување закон за амнестија на осудениците и денеска протестира пред Собранието. Како што велат граѓаните што протестираат, Владата има време до утре да испрати известување до Државната изборна комисија дека треба да дозволи да се соберат 10.000 потписи за да се поднесе амандман до Собранието за измена на Законот за амнестија. Една од измените што оваа граѓанска иницијатива ќе...

Средношколците собираат потписи за поддршка

Во „Средношколски фронт“ во Паркот на новинари во тек е потпишување петиција за поддршка на нивните барања. Како што велат средношколците, собирањето потписи е за нивните барања уште повеќе да добијат тежина и да бидат сериозно сфатени од надлежните. - Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти Министерство за образование и наука...

„Ајде“ собра 110 потписи во Штип

Штипската Фондација за локален развој успеала да собере 110 потписи во рамките на акцијата на граѓанската иницијатива „Ајде“, за оспорување на таканаречениет Закон за хонорарци. Во Штип поголемиот дел од потписите се на актери, преведувачи и на невладини активисти. Платформата за граѓански политики „Ајде“ успеала да собере повеќе од 5.500 потписи од граѓаните. Со потписите, до Уставниот суд граѓанските активисти ќе достават...

ВМРО-ДПМНЕ нема да собира потписи за поддршка на Груевски пред конгресот

Во некои општински комитети се собираат потписи за поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неофицијално дознава „Мета“. Според нашите извори од партијата, во Штип се потпишувале видни и истакнати партиски личности, а од битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ велат дека потписите ставени за „Граѓанското движење за одбрана на Македонија“ се и потписи за поддршка на Груевски. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека не станува...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...