fbpx

Касами и Села ќе му дадат потписи на Заев за мандат, Ахмети тактизира и чека материјали

-

Еврокомесарот за проширување и добросеседска политика, Јоханес Хан, ги заврши средбите со лидерите на политичките партии што имаат мандати во Собранието, Беса, Алијанса за Албанците, ДПА и ДУИ, на кои било разговарано за ставовите на партиите околу формирањето на новата влада.

Потпретседателот на Беса, Африм Гаши, по средбата изјави дека тие се подготвени да ги додат потписите на петте пратеници за да може лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да го добие од претседателот на држвата, Ѓорге Иванов, мандатот за составување влада.

– Но, ако дојде до формирање влада, Беса ќе преговара и дополнително ќе одлучи дали ќе биде дел од таа влада или не – рече Гаши, додавајќи дека со еврокомесарот Хан разговарале за тоа како побргу Македонија да излезе од двегодишната криза, а Хан на средбата порачал дека нема да се меша во одлуките на партиите.

Со сличен став, по средбата со Хан излезе и лидерот на коалицијата Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој рече дека, исто така, се подготвени да ги дадат потписите на Заев за да добие мандат за формирање на влада, но дека таа не може да се формира сè додека не се прифати платформата на албанските партии и додека Специјалното јавно обвинителство не стане уставна категорија.

– Без прифаќање на платформата и на двојазничноста нема да дадеме поддршка никому – рече Села.

Тој истакна дека ставовите на Европската Унија се исти како и претходно, односно дека Брисел бара што поскоро формирање на политичка влада и стабилност за да може Македонија да продолжи на патот кон ЕУ.

– Предвремени избори не се решение бидејќи ќе ја комплицираат ситуацијата – истакна Села.

Лидерот на ДПА во оставка, Мендух Тачи, по средбата со Хан изјави дека тој и партијата остануваат во опозиција и нагласи дека „ ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат договор“ и дека „само купуваат време и нè малтретираат“. Тој рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побарал поддршка на таа влада од Алијансата за Албанците, а, наводно, договорено било и претседател на Собранието да биде Албанец.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со Хан изјави дека чекаат писмени материјали од СДСM за да свикаат средба на централното претседателство и да одлучат за понатамошните чекори.

– Константно разговарам со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а конечната одлука ќе ја донесе централното претседателство откако СДСМ ќе достави писмено дали ги прифаќа барањата од платформата. Без да имаме писмени материјали, нема да има потписи од ДУИ. Прво треба да се види што ќе ни достават – рече Ахмети, додавајќи дека е нормално да разговара со Никола Греувски, бидејќи биле коалициони партнери десет години.

Во врска со платформата на албанските партии тој истакна дека неа медиумите погрешно ја толкувале и дека тоа било само изјава на албанските партии во која немало план за голема Албанија или некакви други промени.

Еврокомесарот треба да се сретне уште со лидерите на двете најголеми партии од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...