fbpx

Средношколците собираат потписи за поддршка

-

Во „Средношколски фронт“ во Паркот на новинари во тек е потпишување петиција за поддршка на нивните барања. Како што велат средношколците, собирањето потписи е за нивните барања уште повеќе да добијат тежина и да бидат сериозно сфатени од надлежните.

– Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти Министерство за образование и наука за да бидеме поблиску до остварување на нашите јасни и веќе одамна поднесени барања – велат од „Средношколски пленум“.

Досега се собрани околу 900 потписи. Граѓаните што ќе одлучат да ги поддржат средношколците, мора на списокот да го напишат и бројот на личната карта. Од пленумот велат дека нивниот број се зголемува со секој изминат момент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...