fbpx
Таг: посета

таг: посета

Папата Франциск на 7 мај ќе ја посети Македонија

Владата соопшти дека Папата Франциск ќе ја посети Македонија на 7 мај следната година, откако бил поканет од државната власт. Засега со сигурност се знае дека римокатоличкиот поглавар ќе го посети Скопје, родниот град на света Мајка Тереза. За останатите детали од посетата, Владата ќе инфомира кога ќе се прецизираат деталите. Папата Франциск во Македонија ќе стаса од Бугарија, каде ќе...

Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департментот

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД, Артан Груби ќе престојува во Соединетите Американски Држави од 5 до 9 декември, каде што ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во Американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт Департментот, информираат од собраниските служби. На средбите, како што стои во соопштението, ќе стане збор...

Метју Палмер во понеделник во посета на Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер, в понеделник ќе престојува во посета на Република Македонија, информираа од Американската амбасада на нивните социјални мрежи. „Заменикот помошник државен секретар Метју Палмер ќе допатува во Македонија во понеделник, 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи...

Даути: Политичката стабилност е клучнa за зголемување на ивестициите низ ТИР-зоните

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бардиљ Даути, денеска оствари средба со дел од раководството на Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Тетово. Целта на посетата беше запознавање со работата и состојбата во зоната. Даути потенцираше дека политичката стабилност е клучен показател за зголемување на инвестиции низ ТИР-зоните во Македонија. -Како Влада, интензивно работиме за надминување на лошата политичка атмосфера...

Војна со информации меѓу Белград и Приштина по посетата на Тачи на северот на Косово

Нови тензии меѓу Белград и Приштина предизвика вчерашната ненадејна посета на северот на Косово на претседателот Хашим Тачи и веднаш потоа избрзаната реакција на Белград со кревањето на највисоко ниво на степенот на готовноста на војската и полицијата, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Сето почнало кога провладините медиуми во Србија објавија дека големи сили на специјалната косовска полиција се...

Мас: Со референдумот на дофат ви е историска шанса

Се надевам дека сите Македонци на 30 септември ќе го искористат своето право и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија. Одлуката е во рацете на граѓаните, истакна на заедничката прес-конференција министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас со неговиот домаќин шефот...

Шефот на германската дипломатија Мас во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Како што соопшти МНР, Мас доаѓа во возвратна посета на Македонија по јунската средба со министерот Димитров во Берлин и на само 10 дена по историската посета на канцеларката Ангела...

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан утре во Македонија

Внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија и подготвителните активности поврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември ќе бидат дел од темите за кои утре во Скопје ќе разговараат министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан и неговиот домаќин Никола Димитров. Сер Алан Данкан и Димитров, како што...

Матис пристигна во Скопје поради можното руско мешање во референдумот

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис утринава слета на Скопскиот меѓународен аеродром и беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американскиот амбасадор Џес Бејли. Според најавената агенда, Матис денеска ќе се сретне со Шекеринска, со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорге Иванов. Портпаролот на Пентагон Ерик Пеон, вчера соопшти дека Матис ќе ги повика македонските граѓани да гласаат...

Неизвесна средбата со Тачи, Вучиќ ги прекина контактите со КФОР и косовската полиција

И претпладнево е неизвесно дали средбата на претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, под посредништво на ЕУ, ќе се одржи во Брисел. Непознато е и дали српскиот претседател ќе отпатува во посета на српските енклави на Косово викендов. Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ утрово соопшти дека Вучиќ решил да прекинат комуникациите со косовската...

Меркел в сабота ќе ја посети Македонија за да се информира за референдумот

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека германската кацеларка Ангела Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти германската Влада. - Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија - рече Заев одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета...

Димитров во САД на средба со Помпео

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, од 20 до 22 август ќе престојува во работна посета на САД, информираат од МНР. Покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидени се средби со високи претставници на американската администрација - Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации...

Бектеши: Еден милион туристи ќе ја посетат Македонија, предвреме ќе ја оствариме целта

Според последните податоци  што вчера ги објави Државниот завод за статистика, зголемувањето на бројот на туристи продолжува во континуитет, па наместо до 2020 година, како што прогнозиравме, ние сме на прагот предвреме да ја оствариме зацртаната цел, годинава да оствариме еден милион туристи со три милиони ноќевања, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Според Бектеши, учеството на туризмот во домашниот бруто-производ (БДП)...

Командантот на НАТО за Европа, генерал Скапароти во посета на Македонија

Командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти денеска престојува во посета на Македонија. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Претходно, генерал Скапароти официјално ќе биде пречекан во Министерството за одбрана, каде ќе има средба со делегација на МО и Армијата, предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска....

Курц ќе ја посети Македонија на 7 септември за поддршка на референдумот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името, со кој треба да се реши спорот со Грција. Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери. При последната посета на...

Во пожарот во Грција загинаа 81 лице, бројот на исчезнати непознат

Во катастрофалниот пожар што ја зафати областа Атика кај Атина, до сега загинаа најмалку 81 лице, а бројот на исчезнати се уште е непознат. Опожарените населби ги посети министерот за одбрана Панос Каменос, кој го пречекале гневни граѓани. Две девојчиња низ плач и со гнев му раскажале како го преживеале пожарот и што се случувало, пливале четири часа за да се...

Жерновски денеска и утре во работна посета на САД

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска и утре, на покана на државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, во Вашингтон ќе учествува на Министерска конференција за унапредување на верските слободи, информираат од МВР. На отворањето на Конференцијата, освен државниот секретар Помпео, свое обраќање ќе има и потпретседателот на САД, Мајк Пенс. „Промовирањето и заштитата на верските слободи е приоритет на...

Иванов во дводневна официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија, информираат од кабинетот на претседателот. „Претседателот Иванов во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Молдавија, Игор Додон. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок....

Заев – Моравјецки: Силна поддршка од Полска Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Премиерот Зоран Заев утрово придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров имаше работен појадок со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецки. Од владиниот кабинет информираат дека полскиот премиер изразил поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Тој честитал за постигнатиот договор со Грција за кој вели дека отвора можности да почнат разговори...

Заев во дводневна посета на Брисел, средби со Туск, Хан и Столтенберг

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров од денеска се во дводневна работна посета на Брисел, информираат од владината прес-служба. За време на оваа работна посета владината делегација денеска ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, со кого ќе имаат и заедничка изјава за медиумите, а ќе има...