Во катастрофалниот пожар што ја зафати областа Атика кај Атина, до сега загинаа најмалку 81 лице, а бројот на исчезнати се уште е непознат.
Опожарените населби ги посети министерот за одбрана Панос Каменос, кој го пречекале гневни граѓани.
Две девојчиња низ плач и со гнев му раскажале како го преживеале пожарот и што се случувало, пливале четири часа за да се спасат.
„Човечката болка не се заменува. Не можам да ги вратам децата назад. Ја гледам ќерка ми и го гледам деветгодишното девојче што го бараме и се чувствувам како да е мое дете“ рекол Каменос.
Тој дополнил дека армијата се обидува да помогне, колку е можно повеќе.