fbpx
Таг: посета

таг: посета

Заев на 26 и 27 јуни во официјална посета на Австрија и Полска

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација на 26 јуни ќе оди во официјална посета на Република Австрија, а на 27 јуни во Република Полска, соопштија од владината прес-служба. Во Виена, Заев ќе се сретне со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција. Премиерот ќе има и средба во Парламентот на Австрија, ќе се...

Градоначалникот на Атина утре во посета на Скопје

На покана на неговиот скопски колега, Петре Шилегов, атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис, утре ќе го посети Скопје за да присуствува на дел од настаните што се организираат во рамки на одбележувањето на 55 - годишнината од скопскиот земјотрес во Скопје. „Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, утре, петок 22 јуни ќе биде во Скопје, по покана на градоначалникот на Скопје, Петре...

Сугарески: 320 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа на Истокот

Градот Штип е важна раскрсница на Истокот и затоа ние максимално сме посветени на подобрување на патната инфраструктура во овој регион, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при работната посета на Штип. Тој додаде дека очекува изградбата на автопатот Миладиновци– Штип да биде завршен до септември оваа година. - Работиме на изградба на експресен пат од Штип до...

Османи утре во посета на Косово, средби со Тачи и Хоџај

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Осамни ќе има средби со претседателот на Косовo, Хашим Тачи, како и со потпретседателот на Владата на Косовo, Енвер Хоџај. На средбите ќе бидат отворени прашањата за напредокот во меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, очекувањата од...

Иванов денеска и утре во посета на Бугарија, средби со Радев, Борисов и Захариева

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Бугарија, информираат од претседателскиот кабинет. Денеска Иванов во Софија ќе биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок. Претседателот Иванов, придружуван од...

Премиерот Заев во среда и четврток во дводневна работна посета на Франкфурт

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, на 13 и 14 јуни, ќе престојува во дводневна работна посета на Франкфурт, Германија. Делегацијата покрај Премиерот Заев, ќе ја сочинуваат и неговата сопруга, Зорица Заева, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за здравство, Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за економија, Крешник Бектеши, и Александар Младеновски, директор на ДТИРЗ. Во...

Премиерот Заев и владина делегација на аудиенција кај папата Франциск

Премиерот Зоран Заев за време на посетата на Рим и во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, имаше тет-а-тет средба со папата Франциск, а потоа владината делегација беше примена на аудиенција во Ватикан. Заев ја повтори отворената покана за папата Франциск во блиска иднина да ја посети нашата земја, која би била од исклучителна важност за унапредување...

Коѕиас: САД многу се интересираат за решение околу спорот со името

Американската администрација не врши притисок, туку се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас на брифинг со грчките дописници во САД. Министерот за надворешни работи на Грција, вчера се сретна со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, а состанокот траел двојно повеќе од...

Коѕиас во посета на САД на средби со Помпео, Болтон и Гутереш

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас од денеска е во посета на САД каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, со советникот за национална безбедност, Џон Болтон и со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, Според грчките медиуми, преговорите за името ќе бидат една од темите на агендата разговори на средбите на Никос Коѕиас. Според официјалната...

Шекеринска од Вермонт: Македонија го заслужува членството во НАТО

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за време на нејзината официјална посета на САД изјави дека Македонија го заслужува членството во НАТО. Таа на прес-конференција во американската сојузна држава Вермонт порача дека Македонија покажала дека е посветен партнер на кој членките на Алијансата можат да сметаат. -Мојата цел е да ја побарам поддршката од стратешкиот партнер на Македонија, САД, во...

Шекеринска: Лани на 27 април Македонија го допре дното, бевме на чекор до граѓанска војна

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ја започна официјалната посета на Соединетите Американски Држави со учество на тркалезната маса организирана од американскиот Атлантски совет на тема „Балканот и членството во НАТО низ призмата на Македонија: Високи влогови во однос на глобалната безбедност и судбината на демократијата во една мала земја“. Шекеринска зборуваше за Балканот и предизвиците со кои се...

Грабар-Китаровиќ во посета на Македонија

Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Хрватската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на платото пред вилата „Водно“. Грабар-Китаровиќ и Иванов ќе имаат тет-а-тет средба, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и на Република Хрватска, по што...

Шекеринска: Можно е годинава да добиеме покана од НАТО, очекувам поддршка од САД

Фокусирани сме до крајот на јуни да најдеме решение за спорот за името, со цел во јули да се случи пресврт и Македонија да добие покана за членство во НАТО. За нашиот прием во НАТО очекувам безрезервна поддршка од САД, рече вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната средба со новинарите, по повод нејзината официјална посета на...

Коѕиас пред МНР го дочека протест и транспаренти „Нашето име е Македонија“

За време на средбата помеѓу македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, пред Министерството за надворешни работи на протест се собрани група граѓани. Тие носат транспаренти на кои на англиски јазик е напишано „Нашето име е Македонија“, „Коѕиас оди си дома, не си добредојден во Македонија“, „Стоп за холокаустот против Македонците“ и „Стоп за расизмот...

Коѕиас во Скопје на средби со Заев, Димитров, Џафери и Османи

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас вчера доцна попладне пристигна во официјална посета на Македонија слетувајќи на меѓународниот аеродром Скопје на кој македонската влада неодамна му го промени името од „Александар Велики“. Ова е првпат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром. Коѕиас утрово ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по што...

Помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел, денеска во Скопје

Помошникот државен секретар за европски прашања на Стејт Департментот на САД, Вес Мичел денеска престојува во официјална посета на Скопје. Мичел ќе се сретне со премиерот Зоран Заев во Клубот на пратеници по што ќе дадат заедничка изјава за медиумите. - Посетата на високиот претставник на Стејт департментот е потврда на пријателството, но и поддршка за евроатланските интегративни процеси на Македонија...

Заев и владина делегација денеска во Берлин на средби со Меркел, Штајнмаер и Габриел

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојуваат во официјална посета на Сојузна Република Германија. Владината делегација во Берлин ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, по што двајцата лидери ќе имаат заедничка прес-конференција на која ќе ги презентираат најважните прашања од...

Иванов во официјална посета на Турција, ќе се сретне и со Ердоган

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, од денеска престојуваат во официјална посета на Република Турција. Претседателот Иванов, во Анкара, ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и со претставници на турскиот државен врв. Во рамките на посетата, Иванов ќе положи венец во Мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара. Иванов ќе одржи...

Jункер на 25 февруари во официјална посета на Македонија

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, информираше дека претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ќе ја посети Македонија на 25 февруари. Македонија ќе биде првата земја која Јункер ќе ја посети како дел од неговата турнеја низ државите од Западен Балкан за презентација на Стратегијата на ЕУ за регионот. – Ова е важен момент за презентација на Стратегијата, но...

Мицкоски во посета на Вашингтон, ќе присуствува и на појадокот кај Трамп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Слободанка Алексовска ќе бидат во неколкудневна работна посета на Вашингтон САД, информира партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за време на посетата Мицкоски ќе реализира повеќе средби со претставници на Белата Куќа, Стејт Департментот и членови на Претставничкиот дом и Сенатот. Мицкоски ќе се обрати и на Безбедносниот форум...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...