fbpx

Иванов во официјална посета на Турција, ќе се сретне и со Ердоган

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, од денеска престојуваат во официјална посета на Република Турција.

Претседателот Иванов, во Анкара, ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и со претставници на турскиот државен врв. Во рамките на посетата, Иванов ќе положи венец во Мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара.

Иванов ќе одржи предавање на тема „Предизвици на високото образование во третиот милениум“, пред членовите на Советот за високо образование на Република Турција и ректорите од сите државни и приватни универзитети на земјата.

На македонскиот претседател ќе му биде доделена наградата за „Светско лидерство“, по повод прогласувањето на „Школата за млади лидери“, како најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...