fbpx

Грабар-Китаровиќ во посета на Македонија

-

Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Хрватската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на платото пред вилата „Водно“.

Грабар-Китаровиќ и Иванов ќе имаат тет-а-тет средба, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и на Република Хрватска, по што двајцата претседатели ќе имаат заедничка прес-конференција.

Претседателката Грабар-Китаровиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...