Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, на 13 и 14 јуни, ќе престојува во дводневна работна посета на Франкфурт, Германија.

Делегацијата покрај Премиерот Заев, ќе ја сочинуваат и неговата сопруга, Зорица Заева, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за здравство, Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за економија, Крешник Бектеши, и Александар Младеновски, директор на ДТИРЗ.

Во рамки на првиот ден од посетата се предвидени средби помеѓу претставници од делегацијата на Владата на Република Македонија и професори и еминентни доктори од Универзитетската клиника, Јохан Волфганг Гете. Целта е зацврстување и разгледување на можности за продлабочување на соработката со оваа реномирана здравствена установа.

На 14 премиерот Заев и министрите во Владата на Република Македонија ќе остварат средби со претставници од „Дојче банк“, како и со раководствата на неколку успешни германски компании.