fbpx

Неизвесна средбата со Тачи, Вучиќ ги прекина контактите со КФОР и косовската полиција

-

И претпладнево е неизвесно дали средбата на претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, под посредништво на ЕУ, ќе се одржи во Брисел. Непознато е и дали српскиот претседател ќе отпатува во посета на српските енклави на Косово викендов.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ утрово соопшти дека Вучиќ решил да прекинат комуникациите со косовската полиција и КФОР во врска со неговата посета на Косово и дека конечната одлука дали Вучиќ ќе отпатува ќе биде соопштена вечерва.

Претседателот на Србија денеска отпатува во Брисел, но според Радио телевизија Србија (РТС), ќе има средби само со функционери на ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, претпладнево не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја демантира таа информација, велејќи дека е важно што Вучиќ патува во Брисел и што Србија не го прекинува дијалогот.

Посетата на претседателот на Србија на српските заедници на Косово, во рамките на која беше најавено и негово „важно обраќање“ беше доведена во прашање вчера, откако Кадри Весељи, претседателот на косовскиот парламент, рече дека нема причини Вучиќ да оди на Газиводе и дека може да се случи да му биде забрането влегувањето во Косово.

Езерото и хидроцентралата Газиводе според официјален Белград имаат стратегиско значење за опстанокот на Србите на северот на Косово, додека официјална Приштина одбива секаков разговор на таа тема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...