fbpx
Таг: посета

таг: посета

Пендаровски од утре во работна посета на Брисел, на средби со Туск и Могерини

Претседателот Стево Пендаровски, од утре (12 јуни) ќе престојува во работна посета на Брисел. „Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини. За време на работната посета на Брисел, претседателот Пендаровски ќе се обрати на...

Заев со бизнис-делегација во официјална посета на Словенија

Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словенија и ќе предводи владина делегација во состав заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерка без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска. „Во рамки на дводневната посета на Словенија, заедно со владината делегација ќе престојува и поголема делегација стопанственици, членови на стопанските комори на...

Врвот на НАТО во јуни во Скопје

Северноатлантскиот совет, врховното политичко тело на НАТО, во јуни ќе ја посети земјава, најави началникот на Генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Ова ќе биде прва посета на највисокото тело на Алијансата на Скопје. Во ноември лани Македонија за првпат ја посети Воениот комитет, највисокото воено тело на Алијансата. Северноатлантскиот совет е врвното политичко тело во НАТО, кое ги носи одлуките. Ги надгледува...

Заев: Посетата на папата е признание за нашето место во заедницата на прогресивните земји

Нашата убава земја денеска е уште еднаш во фокусот на светското внимание, рече премиерот Зоран Заев по повод апостолската посета на папата Франциск. - Посетата на неговата светост, првиот човек на Католичката црква и на ватиканската држава, папата Франциск, како прва, историска посета на еден папа на нашата земја, е огромно признание за местото што Република Северна Македонија го зазеде...

Владата одлучи: Утре неработен ден на територијата на Град Скопје поради посетата на папата

Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје, информираат од таму. „Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките...

Папата Франциск ќе се вози низ Скопје со „папамобилот“ – ако не врне

Папата Франциск, во посета на државата на 7 мај, ќе пристигне со делегација од 30 свештени лица и 65 новинари кои постојано го следат при неговите официјални посети. Посетата ќе биде поделена во два дела, односно на државнички и религиозен карактер. Откако утрото на 7 мај ќе слета на аеродромот, Светиот Отец ќе се упати во претседателската резиденција на Водно,...

Денот на посетата на папата, 7 мај, сепак е работен ден

Иако претходно имаше најави дека е можно поради посетата на папата Франциск на Скопје, 7 мај да биде прогласен за неработен ден, тоа сепак нема да се случи и денот ќе биде работен, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Во текот на неговата посета на Скопје, каде ќе допатува од Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква, покрај средби со државниот врв, ќе...

Делегација од Грција предводена од премиерот Ципрас, во прва официјална посета на 2 април

Делегација на Грција, предводена од премиерот Алексис Ципрас пристигнува во официјална посета на Северна Македонија во вторник на 2 април, информираат од Владата. „Во рамки на посетата делегацијата од Грција ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. После неколку кратки билатерални средби помеѓу...

Ципрас во Скопје на 2 април, пишуваат грчките медиуми

Долгонајавуваната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија ќе се случи на 2 април, вторник, пишуваат грчките медиумите. Тоа ќе биде прва официјална посета на грчки премиер на земјава.Ципрас ќе ја предводи делегацијата составена од неколку членови на неговиот кабинет и претставници на бизнис заедницата во Грција. Во дводневна работна посета на Атина минатата седмица беше министерот за надворешни работи,...

Заев – Рама: Очекуваме во јуни двете држави да ги отворат пристапните преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев и владината делегација денеска официјалната посета на Албанија ја започнаа со средбата со албанскиот премиер, Еди Рама со кого Заев имаше тет-а-тет средба, а потоа и заедничка прес-конференција. Рама на прес-конференцијата го оцени Договорот од Преспа како историско достигнување што го отворило патот кон НАТО и ослободило позитивна енергија кон заедничкиот пат во ЕУ интеграциите. Рече дека...

Димитров на 15 и 16 март во Атина на покана на Коѕиас

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во петок и сабота, на 15 и 16 март, ќе учествува на Меѓународна научна конференција организирана од атинскиот Универзитет Пиреас, по повод 20-годишнината од постоењето на катедрата за меѓународни и европски студии и во чест на почесниот професор и поранешен шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Дводневната конференција на тема „Грчката активна надворешна политика...

Папата Франциск на 7 мај во Скопје, на средби со Заев, Иванов и верски лидери

Папата Франциск на 7 мај наутро ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со политички и верски лидери, објави канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан. После официјалниот пречек, Папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор. За време на својот престој во...

Рикер во Скопје, на средби со Заев и Димитров

Поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. Рикер во моментов ја извршува функцијата цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на воените сили на САД. Тој ќе биде иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања. Рикер попладнево ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а...

Заев: Австриска компанија заинтересирана да инвестира во новиот Клинички центар

Премиерот Зоран Заев вчера беше во работна посета на Република Австрија каде што се сретна со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а беше и негов почесен гостин на Виенскиот бал. „Австрија важи за една од нашите најголеми поддржувачи. Веќе добивме една конкретна понуда која што дома ќе ја разгледаме, за австриска компанија и нејзин влез во инвестициите на Клиничкиот центар, преку евтино...

Собранискиот спикер Џафери во официјална посета на Словенија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, престојува во официјална посета на Република Словенија каде ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Дејан Жидан. Џафери ќе има средби и со претседателот на Република Словенија Борут Пахор и претседателот на Владата, Марјан Шарец. Покрај тоа, собранискиот спикер ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ...

Советникот од Германија кој ќе помага во реформите, ќе пристигне на крајот на месецот

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, како копретседавач на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу нашата земја и СР Германија, денеска е во еднодневна посета во Берлин. Според Анѓушев, Германија е земјата во која што најмногу може да се научи за економијата и индустријата и токму поради тоа е формиран Мешовитиот управувачки комитет помеѓу двете влади. „Денес имавме работна средба на која...

Заев – Борисов: Oтвораме перспективи за засилена економска соработка

Премиерот Зоран Заев за време на работната посета на Бугарија, остварил тет-а-тет средба со премиерот Борисов, со кого разговарале за идната соработка помеѓу двете земји, која после потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство бележала постојан раст во сите области. На средбата се разгледувале можности за создавање услови за зголемување на трговската размена со взаемно намалување на царинските стапки. „Премиерите...

Директорите на Бордот на ЕБОР во посета на Македонија од 5 до 8 февруари

Делегација на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе пристигне во Скопје во четиридневна посета на Македонија, при што ќе оствари средби со претставници од Владата на државно ниво. Директорите ќе се сретнат и со претставници од меѓународните институции, граѓанското општество, инвеститори и претприемачи. „Посетата се остварува како подготовителна активност за новата стратегијата на ЕБОР за...

Димитров од 16 до 18 јануари во посета на Турција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров од 16 до 18 јануари ќе престојува во работна посета на Турција, информираат од МНР. Димитров ќе се сретне со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, со министерот за одбрана, Хулуси Акар како и со други високи државни претставници на Турција. Тој ќе има средба и во Големото народно Собрание на Република Турција. „Во фокусот на...

Таравари во Брисел на средба со Хан и тројцата европратеници

Генералниот секретар на Алијансата за Албанци и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, денеска отпатува на официјална посета во Брисел. Како што соопштија од партијата, во текот на дводневниот престој, Таравари ќе има средби со високи претставници на институции на ЕУ, како и со поддржувачи на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите, како што се европскиот комесар за соседство...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...