fbpx
Таг: помош

таг: помош

Попоски: Очекуваме грчката полиција да овозможи протeк на границата

Министерот за надворешени работи, Никола Попоски, денеска по состанокот со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ рече дека мигрантите кои неколку дена чекаат за влез во земјава нема да бидат пропуштени и дека се очекува грчката полиција да ги расчисти за да овозможи протек за оние што бегаат од воените жаришта. Попоски рече дека ќе се преземат сите мерки за заштита...

Македонија досега од ЕУ добила помош само по 20 денари за бегалец

Од 19 јуни до вчера низ Македонија минале 276.303 мигранти. И покрај најавите од ЕУ, земјава има добиено 90.000 евра помош - или околу 20 денари по бегалец - иако сите европски функционери, и кога минувале во Скопје и од Брисел, најавувале многу повеќе. Тоа беше случајот и вчера, при посетата и средбите на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск,...

Македонците во Париз за помош да се обратат во македонската амбасада

Нема информации дали македонски државјани што престојуваат во Париз побарале помош по вчерашните терористички напади што се случија во француската престолнина. За сите информации Македонците во Париз можат да се обратат во Амбасадата на Македонија, која се наоѓа на улица 21, rue Sebastien Mercier 75015,  Исто така, помош можат да побараат и на телефоните: 331 45 77 10 50, 331 45 77 85 7, 331 45 77 10 73, 331...

ЕУ: Дополнителни 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан

Европската унија соопшти дека ќе даде дополнителна помош од 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан, за подобро да се соочат со претстојната зима. Европскиот комесар за хуманитарни прашања, Кристос Стилијанисед, го посети кампот северно од Аман, во кој се сместени 80.000 сириски бегалци. - Тие пари ќе помогнат за покривање на итните потреби на бегалците - изјави Стилијанидес. Според податоците...

Лагард: ММФ ќе им помогне на земјите погодени од земјотресот

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, изјави дека сочувствува со сите што се погодени од земјотресот во Авганистан и во Пакистан, порачувајќи дека ММФ се подготвени да одговорат на овој трагичен настан. Според неа, примарно е колку што се може да им се олесни на овие области и да се осигура безбедноста и благосостојба на тие што ја преживеаја трагедијата.

Повеќе од 300 загинати и 2.000 повредени во земјотресот што ги погоди Авганистан и Пакистан

Повеќе од 300 загинати и најмалку 2.000 повредени е моменталниот биланс од силниот земјотрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што вчера ги погоди Авганистан и Пакистан, јавуваат светските агенции. Во меѓувреме, како што пренесува „Би-Би-Си“, интензивирани се напорите на спасувачките екипи за помош на жителите на погодените области. Спасувачки тимови се испратени во оддалечените планински области каде сè уште...

Словенија побара финансиска помош и полициски сили од ЕУ

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, денеска, по средбата со челниците на Европската унија во Брисел, изјави дека побарал финансиска помош, како и членките на ЕУ да испратат свои полицајци на припомош на словенечката полиција за властите во Љубљана да се изборат со огромниот наплив на бегалци. - Ако таквата „итна и делотворна“ помош не ѝ биде дадена на Словенија за да може...

Лидерите на ЕУ и на Турција постигнаа договор за блокада на мигрантите и за заштита на границите

Лидерите на Европската унија синоќа во Брисел го прифатија договорот со Турција, кој предвидува милијарда евра помош за Анкара за да го запре неконтролираниот прилив на мигранти во Европа, а постигната е спогодба во следните недели да се постави гранична стража и да се заштитат надворешните граници на Унијата. Како што изјавија претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, и...

Град Скопје испрати помош за поплавените делови на Македонија

По интензивните врнежи од дожд што ја зафатија земјава и регионот и кои предизвикаа поплави во Охрид и во околината, Градот Скопје вчеравечер испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите. „Градот Скопје испрати две цистерни за влечење вода од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, едно противпожарно теренско возило, како и две моќни пумпи за испумпување вода. Со...

ЕК одобри 17 милиони евра помош за Македонија и за Србија за справување со бегалците

ЕК денеска одобри 17 милиони евра за Србија и за Македонија за справување со напливот бегалци, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. Помошта е дел од планот на ЕУ за справување со сириската криза и за помагање на земјите што се надвор од ЕУ, а се дел од транзитната рута на бегалците. - Сегашната бегалска криза претставува предизвик од глобални размери....

ЕК: Потребни се уште 330 милиони евра за справување со бегалската криза

Европските земји треба да обезбедат дополнителни 330,7 милиони евра во буџетот на ЕУ за да се исполни ветеното од договорот за бегалската криза, соопшти денеска Европската комисија. Комисија денеска предложи измени и дополнувања на буџетот за финансирање на овие мерки, но националните придонеси во европската каса се чест извор на несогласувања меѓу Брисел и членки на Унија. - Ќе продолжиме да...

Аврамопулос: Миграцијата се претвори во проблем на целиот свет

Бегалската криза е светски предизвик, поради што е потребен светски одговор, оцени еврокомесарот за миграција, Диитрис Аврамопулос. - Миграцијата се претвори во најголем проблем не само во Европа туку и во целиот свет - рече Аврамопулос, повикувајќи ги сите држави да земат учество во решавањето на бегалската криза. Аврамопулос истакна дека на ноемвриската средба во Малта првпат на една маса ќе седнат лидерите...

ЕУ: 17 милиони евра за Западен Балкан за справувањето со бегалската криза

Европската комисија денеска соопшти дека подготвува пакет од дополнителни 17 милиони евра за земјите од Западен Балкан што се соочуваат со голем прилив на бегалци. „Србија и Македонија се соочени со неочекуван прилив на бегалци од надворешниот регион, што ја оптовари нивната инфраструктура. Приоритет е да се избегне ова да прерасне во нешто што е повеќе од краткорочна ситуација“, се наведува...

Србија го активирала механизмот на ЕУ за цивилна заштита

Србија го активирала механизмот на ЕУ за цивилна заштита за да добие материјална поддршка по големиот прилив на бегалци и на баратели на азил, а претставникот на ЕУ за хуманитарна помош и за управување со вонредни ситуации, Христос Стилијанидес, ја повика ЕУ да ја покаже солидарноста кон Србија. Србија, се наведува во соопштението, побарале материјална помош за кревети, средства за хигиена, возила,...

Николиќ: Одговорноста за кризата со бегалците е на основачите на ЕУ

Томислав Николиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека одговорноста за решавање на кризата со бегалците лежи главно кај основачите на Европската унија, кои топката на тешката ситуација ѝ ја префрлаат на Србија, што не е ниту морално, ниту природно, а нема да биде ни одржливо бидејќи ситуација излегува од контрола. - Ако некој во Европа сериозно размислува за сигурноста и за безбедноста, но...

Македонија за бегалците ќе добие 24 милиони евра од Брисел

Еврокомесарот Јоханес Хан на денешната прес-конференција се осврна и на бегалската криза и ја коменираше изјавата на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, за можно подигнување ограда на границата со Грција. - Некои од вас биле во мојата канцеларија и виделе дека таму, од добри причини, ја ставив сликата од сечење на железната завеса меѓу Австрија и Унгарија, од...

Лавров: Руски авиони носат опрема и помош за Сирија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека руски авиони кои летаат во Сирија, на земјата ѝ испорачуваат воена опрема и хуманитарна помош, не коментирајќи ја загриженоста на САД и на НАТО дека руските сили почнале да учествуваат во операциите во Сирија. Русија го поддржуваше претседателот на Сирија, Башар ал Асад, во текот на четиригодишната граѓанска војна во...

УНХЦР бара дополнителни 30,5 милиони долари за бегалците

Агенција на ОН за бегалци побара дополнителни 30,5 милиони долари до крајот на годината, со итен апел за финансиска помош за справување со европската бегалска криза. Апелот на УНХЦР доаѓа во време кога агенцијата на ОН најави доаѓање преку Средоземно Море на околу 400.000 нови луѓе кои бараат заштита во Европа, а следната година е можен бран од 450.000 бегалци. Средствата би...

Италија ќе ѝ додели на Македонија 90.000 евра за справување со мигрантите

Деведесет илјади евра ќе ѝ додели италијанската влада на Македонија за справување со приливот на мигранти од Блискиот Исток. „Вонредната состојба предизвикана од приливот на мигранти од Блискиот Исток на пат кон Северна Европа претставува нов предизвик за Европа и за европските земји, со кој заеднички треба да се справат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати од Западен Балкан. Имајќи ги...

Германија ќе издвои шест милијарди евра за бегалците

Германската влада соопшти дека следната година ќе потроши шест милијарди евра за помош на неколку стотини илјади бегалци, кои, како што се проценува, ќе дојдат во земјата. Владејачката коалиција во Германија синоќа, на состанок во Берлин, договори да воведе законски мерки за полесно депортирање на поднесувачите на барање за азил, кои доаѓаат од земји кои не се погодени од војна...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...