fbpx
Таг: оставка

таг: оставка

Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката на Рангелова доаѓа по вчерашната на координаторот на пратеничката група на партијата, Драган Данев, но и по низата исклучувања и оставки во ВМРО-ДПМНЕ. Рангелова во објавата на нејзината оставка на „Фејсбук“ пишува дека не може да биде дел од раководство кое што ја однело партијата во...

Коѕиас: Се надевам дека сe ќе биде во ред со Договорот од Преспа

Се надевам дека ќе биде се во ред со Договорот од Преспа, бидејќи во спротивно оние кои веруваат во лесни решенија ќе видат колку потешки можат да станат работите, рече доцна синоќа поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас по завршувањето на состанокот на политичкиот секретаријат на неговото движење на идеи и активности Прато. - Склучивме договор со Поранешната југословенска...

Драмата со Коѕиас пак го распали огнот на „црните пари“ и тајните фондови за името

Обидот на грчкиот премиер Алексис Ципрас да го надмине раздорот во неговиот кабинет, на седницата во вторникот отиде во најлошиот можен правец, кога по острата кавга на министерот за одбрана Панос Каменос и досегашниот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, вториот си поднесе оставка. Според грчките весници во кавгата се споменувале црните фондови на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР). Но,...

Телефонски разговор Заев – Ципрас: Договорот од Преспа е приоритет

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас имале телефонски разговор по оставката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос вели дека и двајцата премиери се согласиле и повториле дека работат на имплементација на Договорот од Преспа. – Премиерот контактира многу редовно со господинот Заев. Очигледно е дека...

Димитров: Со Коѕиас станавме вистински пријатели и постигнавме историски договор

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по повод оставката на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас вели дека двајцата со Договорот од Преспа постигнале нешто што претходните 27 години се сметало за невозможно. -Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕиас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една...

Ципрас ќе го води МНР на Грција за да го спроведе договорот од Преспа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифатил оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, се вели во соопштението објавено од премиерскиот кабинет. Ципрас му се заблагодарил на Коѕиас за неговиот придонес кон владата и земјата во текот на изминатите три ипол години. Во соопштението се додава дека Ципрас ќе го преземе министерството за надворешни работи за да го спроведе Договорот од...

Грчкиот министер за надворешни работи, Коѕиас поднесе оставка

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, денеска поднел оставка, еден ден по напната средба на владиниот кабинет кога избила расправија со министерот за одбрана, Панос Каменос, во врска со Договорот од Преспа, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според извори на весникот, Коѕиас бил незадоволен што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал за време на нападите од Каменос, кој е помал...

Заев: Нема да поднесам оставка, пратениците да го следат гласот на мнозинството

Европска Македонија доби повеќе гласови за од било кој победник на било кои избори во историјата на независна Македонија. Дури и ако имаше цензус и ако имаше 1.100.000 гласачи овој резултат од 600.000 граѓани ќе значеше јасна определба за европска Македонија, рече премиерот Зоран Заев на втората прес-конференција по завршувањето на референдумот. -Сега кога имаме мнозинска изразена волја за европска...

Снежана Калеска-Ванчева седна во пратеничката фотелја на Петар Атанасов

Собранието го верификува мандатот на пратеничката Снежана Калеска - Ванчева од СДСМ, која доаѓа на местото на пратеникот Петар Атанасов. Атанасов на 23 овој месец поднесе оставка на функцијата, која денеска беше констатирана. Се очекува тој да биде избран за заменик-министер за образование и наука. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека го известиле наредниот кандидат, Снежана Калеска-Ванчева...

Борис Џонсон поднесе оставка

Борис Џонсон денеска даде оставка од функцијата министер за надворешни работи на Велика Британија, а премиерката Тереза Меј му ја прифати. Џонсон е вториот министер што денеска ѝ откажа верност на Меј – утрово министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, исто така поднесе оставка. Заминувањето на Џонсон беше соопштено непосредно обраќањето на Меј пред Парламентот за нејзиниот нов план за Брегзит што...

Заев: Ќе поднесам оставка ако референдумот не успее

Премиерот Зоран Заев во интервју на телевизијата „1тв“ изјави дека е сигурен дека референдумот за договорот со Грција ќе успее, но доколку не се случи тоа ќе поднесе оставка. - Ќе си заминам ако не успее референдумот во Македонија, но многу сум сигурен дека ќе успее. Очекувам огромна поддршка од граѓаните и сериозни проценти на поддршка, 77 до 85 отсто,...

Џезаир Шакири – Хоџа ќе добие надомест за ангажманот, нема постапка за друга функција

Шаќири ќе добие износ во пропорционален сооднос со траењето на неговиот договор, појасни Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на прашањето од „Мета“ дали на Џезаир Шакири, алиас Командант Хоџа, ќе му биде исплатен надомест, односно плата за неговиот ангажман во Владата. Од Владата пред една седмица потврдија дека поранешниот командант на ОНА  и човекот што важеше за „господар“ на Танушевци,...

Шакири: Се повлекувам за да не трпи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Џезаир Шаќири, поранешен командант на ОНА, кој веќе неколку дена се наоѓа во центарот на вниманието на македонската јавност откако стана надворешен соработник на премиерот Зоран Заев за борба против радикализмот, денеска по најавата од Заев, во изјава за државната новинска агенција МИА, потврди дека ја напушта функцијата. - Причината за тоа лежи во фактот дека медиумите во Македонија кренаа...

Заев: Џезаир Шакири-Хоџа се повлекува од местото советник на премиерот

Премиерот Зоран Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет, јави Телма. - Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и...

Бошњаковски: Оставката на Саљији нема да влијае на реформите на правосудството

Судската власт е независна и таква треба да остане, а на реформите на правосудството оставката на сега веќе поранешниот министер за правда Билен Саљији нема да влијае, бидејќи во ниту еден момент ништо нема да биде закочено, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање дали вчерашната оставка што ја поднесе Саљији ќе...

Министерот Саљији си даде оставка поради малиот Алмир

Министерот за правда Билен Саљији синоќа во Владата на конференција за медиуми соопшти дека си поднесува неотповиклива оставка, поради, како што рече,морални причини и разнишаната доверба во судството во врска со случајот на малиот Алмир, кој пред две години беше прегазен во Куманово. - Довербата во судството почна да се враќа преку случаите „Сопот“ и „Монструм“, но сепак во овие...

Словенечкиот премиер Миро Церар поднесе оставка

Словенечкиот премиер, Миро Церар објави дека поднел оставка пред парламентот. Церар соопшти дека се повлекува по одлуката на Врховниот суд да се поништи резултатот од септемврискиот референдум, со кој, беше одобрен железничкиот проект вреден една милијарда евра, најголемиот инвестициски проект на неговата влада. Референдумот го поддржа владиниот план за изградба на пруга во должина од 27 километри од пристаништето Копер...

ОМД бара импичмент за Џафери, оставка на Заев и на владата и предвремени избори

Обединета македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение до медиумите информираше дека најостро го осудува „неуставното и собраниското отстапување од деловникот“ при донесување на законот за јазици и ги повика политичките субјекти кои се произнесоа против Законот за употреба на јазиците, да поднесат собраниска иницијатива за импичмент на и така, како што велат, незаконски избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери. ОМД информира...

И Халили утре ќе поднесе оставка, не можел да го трпи притисокот врз Антикорупциска

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Сејди Халили за порталот „Порталб“ изјави дека утре ќе поднесе оставка, бидејќи не може да го трпи притисокот од јавноста. Тој вели дека сака да отвори пат за реализација на новите политики во борбата против корупцијата. „До вечер сум член на Комисијата, утре планирам да поднесам оставка. Не можам повеќе да го трпам овој...

Заев ги поздрави оставките во Антикорупциска комисија

Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија која што ќе биде поставена според сите меѓународни практики, ќе биде будното око на следење на извршната власт и сè што има допир со народните пари, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за оставките во оваа комисија. Тој додаде дека потребна е таква институција која што ќе биде еден од најголемите...

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...