fbpx

Бошњаковски: Оставката на Саљији нема да влијае на реформите на правосудството

-

Судската власт е независна и таква треба да остане, а на реформите на правосудството оставката на сега веќе поранешниот министер за правда Билен Саљији нема да влијае, бидејќи во ниту еден момент ништо нема да биде закочено, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање дали вчерашната оставка што ја поднесе Саљији ќе има влијание врз реформите на правосудството.

Бошњаковски нагласи дека оставката на Саљији, како што тој самиот кажа е „негов личен чин, бидејќи чувствува морална одговорност за губење на довербата во однос на одредени делови на реформите на правосудствотои за малиот Алмир“.

Бошњаковски не коментираше дали оставката на Саљији ќе ја забрза реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Заев.

На новинарско прашање Бошњаковски рече дека Зконот за употреба на јазиците „ќе биде испратен до Венецијанската комисија веднаш кога ќе биде објавен во Службен весник“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...