Коѕиас: Се надевам дека сe ќе биде во ред со Договорот од Преспа

-

Се надевам дека ќе биде се во ред со Договорот од Преспа, бидејќи во спротивно оние кои веруваат во лесни решенија ќе видат колку потешки можат да станат работите, рече доцна синоќа поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас по завршувањето на состанокот на политичкиот секретаријат на неговото движење на идеи и активности Прато.

– Склучивме договор со Поранешната југословенска република и јас станав поранешен министер – рече на шега Коѕиас кусо пред почетокот на состанокот коментирајќи ја неговата оставка.

Меѓутоа по завршувањето тој пред медиумите објасни дека лично смета дека оставката е чесна мерка и истакна дека навредите упатени кон него лично и „врз одговорноста на еден политичар да си поднесе оставка кога има различни мислења“ покренуваат прашања.

Коѕиас рече дека според него, зад навредите и навредувачите „постојат интереси, но постои и неморалност“.

– Побарајте од премиерот на земјата да ја објави мојата оставка што е на девет страници и доколку премиерот сака, нека се објави. Но, да постои оставка што објаснува поради кои причини си поднесувам оставка и да велат дека е несфатлива, тоа е несфатливо – рече Коѕијас.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија истакна дека надворешната политика ја води премиерот и Министерството за надворешни работи, а „Министерството за одбрана, одбранбено го поддржува спроведувањето на надворешната политика“.

– МНР не е број два, тоа да биде јасно – порача Коѕиас.

 

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...