fbpx
Таг: обвинение

таг: обвинение

Судот го одложи рочиштето за обвинението на СЈО против Груевски и Јанакиески

Судското рочиште по обвинението на СЈО за насилствата во Општина Центар е одложено од 21 ноември за 16 декември, 5 дена по изборите, по барање на Никола Додевски, адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Кривичниот суд информира дека адвокатот Додевски писмено побарал од Основниот суд Скопје 1 да се одложи рочиштето затоа што...

На Косово поведено обвинение против експратеник и неговата криминална група

Меѓународниот обвинител на Еулекс обвини група косовски Албанци и Срби, вклучувајќи и еден поранешен пратеник, за организирање криминална група што се занимавала со перење пари, мито, измами, злоупотреба на овластувања и со даночно затајување. Европската мисија за спроведување на владеењето на правото и законот, Еулекс, денеска поведе обвинение против групата. Во соопштението на Еулекс се наведува дека 39-те обвинети ги предводел пратеникот...

Кондоминас обвинет за затајување данок од 48 милиони евра

Грчкото обвинителство поднесе кривична пријава против познатиот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас за даночно затајување и за финансиски криминал. Сопственикот на грчката телевизија „Алфа“ е обвинет за затајување данок во износ од 48 милиони евра и за перење пари во периодот од 2006 до 2008 година. Обвинителството една година вршело истрага за активностите и за имотната состојба на Кондоминас, откако неговото име било...

Судењето за насилство врз Жерновски закажано за 21 ноември

Судењето за случајот наречен „Шамарите во Центар“ е закажано за 21 ноември во 10 часот, информираат од Основниот суд Скопје 1. „Судијата кај кој беше распореден обвинителниот предлог на СЈО против 14 лица, по разгледување на предлогот, оформи предмет со К.бр 1904/16, а со оглед на распоредот на претходно закажани судења на судијата кој постапува по притворски предмети, а и...

Обвиненија на СЈО против Груевски и Јанакиески за насилствата во Центар

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи денеска на прес-конференција ги презентираше првите две обвиненија на СЈО, едното за уништување документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а второто за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. Иако Фетаи не го соопшти идентитетот на обвинетите, а не беа наведени ниту иницијали, сепак извесно е дека во второто, првообвинети се поранешниот премиер и...

Гинеколог од Прилеп обвинет за смрт на родилка

Основното јавно обвинителство - Прилеп до надлежниот основен суд поднесе обвинителен предлог против Г.О., лекар специјалист гинеколог- акушер во Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, информираа од обвинителството. На обвинетиот му се става на товар дека сторил тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинителството, тој на 18 февруари годинава, во просториите на болницата, при укажување лекарска помош – породување на...

Фармерот Душко Илиевски обвинет за напад на полицаец на протестите за оставка на Талески

Битолското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог со кој го товари фармерот Душко Илиевски за физички напад на полицаец за време на протестите на „Шарената револуција“ пред зградата на Општина Битола, на кои демонстрантите бараа оставка од градоначалникот Владимир Талески. Илиевски го добил обвинението денеска, а во него е наведено дека тој треба да се јави на распит во oбвинителството...

Одложено судењето на Људмил Кљусев за нелегална дистрибуција на наркотици

Људмил Кљусев, син на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, останува во притвор во САД откако судењето за нелегално дистрибуирање наркотици било одложено на негово барање, пишува весникот „Њу Хевен реџистер“. Како што пишува весникот, Кљусев се изјаснил за невин по обвиненијата за препишување лекови без потреба и за перење пари. Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен...

Турција состави обвинение против Ѓулен од 2.500 станици

Турското обвинителство состави обвинение против поранешниот имам Фетулах Ѓулен кое содржи 2.500 страници и во кое се обвинува за организирање на пучот во кој загинаа 240 лица. Во обвинението се бараат два доживотни затвора за Ѓулен и дополнителни 1.900 години затвор за обидот за уривање на уставниот поредок и создавање паралелни терористички организации. Ѓулен, кој живее во егзил во САД ги...

Германија: Откриени осум лица осомничени за нацистички воени злосторства

Во Германија најмалку осум лица кои се осомничени за нацистички воени злосторства и кои се на возраст од околу 200 години, соопштија германските власти. Како што соопшти шефот на Централното биро на провинциските судски власти за изјаснување на злосторствата на национализмот, Јенс Ромел четворица од осомничените се мажи, а четири се жени, а сите работеле во концентрациониот логор Штутхоф, во...

Хелсиншки комитет бара рокот за обвиненија од СЈО да биде продолжен на 24 месеци

На 24 месеци да се зголеми рокот за поднесување обвинителен акт од Специјалното јавно обвинителство, побараа денеска од Хелсиншкиот комитет во рамките на иницијативата на граѓанското општество за спроведување на итни демократски реформи. Како што рече Уранија Пировска, претседателка на Хелсиншки комитет, тие, покрај тоа, бараат независен буџет за СЈО, како и законско решение за тоа обвинителство да стане постојан орган. -...

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите. Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни  работи...

Обвинение за тетовски гинеколог поради смрт на родилка

Основното јавно обвинителство Тетово поднело обвинение против лекар гинеколог од Клиничкиот центар во Тетово, кој се товари за смртта на родилка, која починала при породување поради ненавремена медицинска интервенција. Тетовското обвинителство, покрај обвинението, до Основниот суд Тетово доставило и предлог на лекарот да му биде изречена и споредна казна, забрана за вршење професија. „Во август минатата година, при вршење царски рез...

Заврши распитот на осомничениот за изборна измама во Кривичниот суд

Во Кривичниот суд во Скопје заврши распитот на И.Г., осомничен дека извршил изборна измама, казнива според членот 165, а во врска со членот 22 од Кривичниот законик. Во текот на денов, Кривичниот суд треба да донесе одлука за тоа дали ќе го прифати предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор за осомничениот.

Поднесено обвинение против полицаец кој нудел поткуп на сведок на Јанева

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција поднело обвинение против вработен во Министерството за внатрешни работи, осомничен дека му нудел поткуп на лице за да се појави како сведок пред суд и да даде одреден исказ, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тој, според Обвинителството, се товари за кривично дело незаконито влијание на сведоци. Кривичната пријава против полицаецот, поднесена од Министерството...

Обвинение против поранешниот претседател на Уставниот суд на Косово

Специјалното обвинителство на Косово подигна обвинение против поранешниот претседател на косовскиот Уставен суд, Енвер Хасани, поради фалсификување службени документи и злоупотреба на службената должност. Хасани во „својство на службено лице – претседател на Уставниот суд на Република Косово, ја злоупотребил должноста при одлучувањето по барањето на претседателката на Косово во врска со нејзиниот декрет за именување, односно продолжување на мандатот...

Пламен од запалка, причина за пожарот во фабриката за пиротехника во Сопиште

Директна изложеност на пламен од запалка била причината за пожарот во фабриката за пиротехника „Ице - мак“ ДОО во Сопиште, кој се случи на 24 јули 2014 година и во кој животот го загубија три лица, утврдила истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје, соопштија денеска од јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, по наредба на обвинител била извршена реконструкција на...

Во Турција уапсени осум лица под сомнение дека се поврзани со ИД

Осум лица се уапсени во Турција, од кои седум се странски државјани, под обвинение дека се поврзани со Исламската држава, пренесува агенцијата ТАСС. Осомничените се уапсени во округот Газиантеп, во источниот дел на земјата, при обид да ја преминат турско-сириската граница. Националноста на уапсените странци сè уште не е потврдена.

Покренато обвинение и против шестиот осомничен за тероризам во Париз

Белгиски судија денеска покрена обвинение и против шестиот осомничен за поврзаност со терористичките напади во Париз пред две недели, во кои 130 лица беа убиени, соопшти сојузниот обвинител. Во соопштението се наведува дека, вчера во Брисел едно лице било приведено на сослушување и дека истражниот судија му одредил притвор и го обвинил за терористички напади и учество во активности на...

Потврдено обвинението за поткуп против Заев

Советот за оцена на обвинителниот акт го потврдил обвинението за примање поткуп против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „По одржано јавно рочиште за оцена на обвинителниот акт на 1 јули 2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од одбраната, по ценењето на фактите и на доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на...

Нема докази дека Зеленски купил вила од британскиот крал Чарлс Трети за 20 милиони долари

EUvsDisinfo пишува дека, „ниту еден сериозен медиум не објави за ова неосновано тврдење, кое се ширеше исклучиво од про-Кремљ профили и сметки на социјалните мрежи“.  Единствениот извор за оваа...