fbpx

Потврдено обвинението за поткуп против Заев

-

Советот за оцена на обвинителниот акт го потврдил обвинението за примање поткуп против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„По одржано јавно рочиште за оцена на обвинителниот акт на 1 јули 2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од одбраната, по ценењето на фактите и на доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани“, информираа од судот.

Како што посочуваат од судот, предметот ќе биде распределен кај судија од одделението за организиран криминал и за корупција.

Заев, според обвинителството, во својство на службено лице, градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, една половина од партите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...