fbpx
Таг: образование

таг: образование

Заев: Се надевам дека до 5 јуни ќе го укинеме екстерното тестирање

Ние ќе побрзаме со формирањето влада за да можеме пред 5 јуни, датумот на екстерното тестирање, со одлуки или со закон да го укинеме овој експеримент, кој се покажа како неуспешен, рече мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, откако претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот. - Ние ветивме укинување на екстерното тестирање, тоа ќе биде...

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање за учениците од основно и од средно обрзование на веб-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај, а тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците ќе полагаат два предмети кои ќе ги дознаат три дена пред тестирањето. Прелиминарните резултати треба да бидат објавени на 15 јуни,...

На странските инвеститори им недостигаат 500 квалификувани работници

Странските компании бараат квалификувани физички работници кои ги нема на пазарот на труд во Македонија и тоа е сериозен проблем во нивното работење, истакна претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Питер. Истражувањето на кое одговориле 40 компании, покажува дека лани тие имале потреба од 500 квалификувани физички работници и половина од нив имале проблем да ги...

ВМРО-ДПМНЕ: Бледи се манипулациите на СДСМ наспроти фактите

ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираше на денешната прес-конференција на Петар Атанасов, кој рече дека учениците од Македонија покажале меѓу најслабите резултати според светски релевантната организација ПИСА, на тестирањето по наука, математика и читање со разбирање, како и дека според ОЕЦД и Светската банка, повеќе од 2/3 од учениците на возраст од 15 години се функционално неписмени. „СДС се обидува со апсурдни и...

Петар Атанасов: Лошото образование се скрши врз грбот на децата

Потребно е итно да се деблокира Собранието и да се формира новата реформска Влада, којашто ќе почне веднаш да работи на последиците од катастрофалните образовни политики на досегашната власт. Во прашање се нашите деца!, порача денеска Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ. Тој нагласи дека две релевантни меѓународни институции, ОЕЦД и Светската банка пласирале многу загрижувачки податоци,...

Саеми на книгата, на образованието и на туристичката понуда од 4 април во Скопје

Во Скопски саем од 4 до 10 април ќе се одржат 29. Меѓународен саем на книгата, 20. Меѓународен саем за образование и за кариера и „Скопје травел маркет“. Влезниците ќе чинат 30 денари, а халите ќе бидат отворени секој ден од 10 до 20 часот. Саемот на книгата е една од најзначајните културни манифестации во Македонија, а и годинава, како...

Само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование во 2015 година

Во 2015 година, само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование, петмина станале магистри, а не е забележан ниту еден случај на успешно завршени докторски студии. И покрај фактот дека школувањето во Македонија за лицата со прв и со втор степен на инвалидност е бесплатно и истото е покриено од буџетот, бројот на лица кои завршуваат соодветно образование е...

Во образованието има премногу теорија, а практичната настава ја има само на хартија

Последните анализи бележат голем расчекор меѓу кадрите што произлегуваат од образованието и побарувачката на пазарот на трудот. За тоа кои се причините за ваквата состојба и како да се надмине овој проблем, денеска во Тетово се дебатираше на тркалезна маса под наслов „Образованието за вработување“. Учесниците нагласија дека разликата меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот е резултат на погрешниот...

Вклученоста на Ромите во образовниот процес е значително подобрена, велат невладините организации

Состојбата на Ромите и нивното вклучување во образованието етапно се подобрува, како резултат на проектите што ги спроведуваат невладините организации, сметат учесниците на тркалесната маса „Подобрување на состојбата на Ромите во образовните процеси“. Од невладината „Сонце“ велат дека бројката на Роми што се запишуваат во основно и во средно образование е многу зголемена. Ваквиот став го делат и други невладини организации што учествуваа...

Македонските факултети продуцираат кадри кои не можат да најдат работа

Македонските факултети продуцираат кадри кои не можат да најдат работа или по завршувањето на студиите мораат да се преквалификуваат. Ова меѓудругото се вели во анализата на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, каде што последните години 500 студенти станале стипендисти на неколку поголеми компании со кои соработува универзитетот. - Дипломираните студенти ретко завршуват во струката за која студирале и најчесто работат нешто...

Доналд Трамп и официјално стана 45. претседател на САД

Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана 45. претседател на САД. Неговата инаугурација во Капитол хил ја следеа 900.000 луѓе. Откако положи заклетва над Библијата, Трамп се поздрави со семејството и го почна својот говор, во кој, меѓу другото, зборуваше и за проблемите со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави. - Проблемите со сиромаштијата, здравството, образованието, криминалот и дрогата сега ќе...

Тевдовски: Нема да ги намалиме платите, тие се најниски од цел регион

„Нема да ги намалиме платите, излезот за економската криза во Македонија е во нивно зголемување. Тоа ќе креира дополнителна потрошувачка и ќе биде стимул за зголемување на продуктивноста во македонската економија“, одговори на новинарско прашање претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, откако вчера членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, ги обвини СДСМ дека пропагирааат отпуштања во јавниот сектор,...

Денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

Денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања и придонес во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес. Наградата, во областа на воспитанието и образованието, годинава ќе му биде доделена...

Груевски во Неготино вети дека сите села ќе станат слободни економски зони

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Неготино порача дека на 11 декември народот ќе избере политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија. Тој го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека заговара кантонизација, двојазичност на цела територија и рекомпонирање на државата. Груевски вети повеќе проекти од областа на образованието, здравството, земјоделството, меѓу кои и изградба на агро-пазар кој...

Вељаноски: СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ја обвини опозицијата дека во својата предизборна програма предвидува реорганизација на локалната самоуправа и формирање локални полиции. На денешната прес-конференција во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Вељаноски истакна дека СДСМ во својата програма задира и во културата, образованието, децентрализирањето на социјалната заштита, управувањето со земјоделското земјиште, а сето тоа го оцени како скандалозно и опасно за иднината...

Денеска се одбележува Денот на албанската азбука

Албанската заедница во Македонија денеска го одбележува Денот на албанската азбука. Манифестација по тој повод ќе се одржи во Битола, па во Музејот на албанската азбука ќе биде отворена Спомен-собата на Комисијата на албанската азбука, во која се претставени нејзините 11 членови, кои во 1908 година одлучиле за новата азбука на Албанците. По повод одбележувањето на Денот на aлбанската азбука, претседателот...

Студент фрли доматен сос врз албанската министерка за образование

Студент, активист од Движењето за универзитет, вчера фрли доматен сос врз министерката за образование на Албанија, Линдита Никола, јави дописникот на „Мета“ од Тирана. Левичарското Движење за универзитет се противи на образовните реформи, тврдејќи дека со нив се привилегираат приватните универзитети, а се дискриминираат сиромашните студенти. Движењето во изминатиот период организираше повеќе протести, но владата засега нема слух за нивните...

Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји. Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите „Гронинеген“, „Лајден“...

ВМРО-ДПМНЕ одржува панел-дебата „Видливи и реални проекти“ во МОБ

Панел-дебата на темата „Видливи и реални проекти“ организира ВМРО-ДПМНЕ во Македонска опера и балет. Настанот се одржува во рамките на тридневниот отчет на партијата за постигнувањата, проектите и за политиките. На вечерашната дебата, меѓу другите, учествуваат и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик-министерот за образование и за наука, Спиро Ристовски, и директорот на...

Средношколците од Тетово и денеска протестираа поради проблемот со превозот

Втор ден тетовските средношколци од руралните општини протестираа пред општинската зграда, барајќи да им се обезбеди бесплатен превоз. - Немаме пари да го платиме превозот. Според законот за децентрализација, општината е одговорна да обезбеди бесплатен превоз, затоа одговорноста за овој проблем ја бараме кај локалната самоуправа - изјави ученик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Од Општина Тетово велат дека проблемот...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...