fbpx

Средношколците од Тетово и денеска протестираа поради проблемот со превозот

-

Втор ден тетовските средношколци од руралните општини протестираа пред општинската зграда, барајќи да им се обезбеди бесплатен превоз.

– Немаме пари да го платиме превозот. Според законот за децентрализација, општината е одговорна да обезбеди бесплатен превоз, затоа одговорноста за овој проблем ја бараме кај локалната самоуправа – изјави ученик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Од Општина Тетово велат дека проблемот ќе се реши, откако Комисијата за јавни набавки ќе одговори на жалбата за поништениот тендер за превоз, кој минатиот месец го поднеле до тетовските превозници.

– За оваа учебна година како блок-дотација за превоз на ученици од Тетовскиот Регион предвидени се 68 милиони денари. Превозниците бараа поголема сума, ние не се согласивме со тоа и го поништивме тендерот за превоз. На оваа одлука тетовските превозници поднесоа жалба до Комисијата за јавни набавки. Сега решавањето на проблемот ќе зависи од одлуката на комисијата – изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за образование при Општина Тетово.

Средношколците најавија дека секојдневно ќе протестираат пред општинската зграда, сè додека надлежните не го решат проблемот со превозот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...