fbpx

Бугарите распалија по Неделковски и по Македонија: Тоа се глувци, скриени во мракот

-

Бугарскиот пратеник Росен Петров побара бугарското Министерство за надворешни работи да го повика македонскиот амбасадор во Софија откако Миленко Неделковски со токмак ја искрши спомен-плочата што бугарските власти без дозвола ја поставија на македонскиот планински врв Кајмакчалан, посветена на паднатите бугарски борци во Првата светска војна.

– Што ќе преземе нашиот западен сосед по безобразниот вандалски чин на уништување на бугарската спомен-плоча на врвот Кајмакчалан. Македонија треба да има јасна позиција, го осудува или не го осудува овој чин. Бугарија отсекогаш била добар сосед на Македонија. Таа прва ја призна македонската држава и така ја спаси од окупацијата на трета Југословенска армија. Ние ѝ пративме и огромна воено-техничка помош на Македонија за време на конфликтот со Албанците. Во замена добиваме потсмев, постојани антибугарски провокации во нивните медиумите, а сега и овој вандалски чин на врвот Кајмакчалан на Денот на независноста на Бугарија – рече Петров, додавајќи дека со ваквото однесување Македонија си ги загрозува своите евроинтеграции.

Пратеникот Жељко Бојчев од Бугарската социјалистичка партија, кој пред два дена присуствуваше на комеморацијата на Кајмакчалан, најави дека ќе почне кампања за поставување соодветна спомен-плоча, како и за изградба на капела во спомен на паднатите бугарски херои на врвот Кајмакчалан.

– Ја видов постапката на овој македонски новинар и негативната кампања во некои македонски медиуми. За жал, ваквите активности и коментари од македонска страна покажуваат дека не научиле ниту една лекција од историјата на Балканот. Тоа ниту е воспитано, а уште помалку европско и христијанско однесување. Вандали не можат повторно да ја испишат историјата! Не може да го избришат подвигот на бесмртниот бугарски, борбен дух на хероите што го дале својот живот за слободата, обединувањето и за величањето на Бугарија – рече Бојчев.

Директорот на Дирекцијата за социјална политика при Министерството за одбрана, Иво Антонов, изјави дека Миленко Неделковски е одраз на современото македонско општество, односно дека македонскиот народ наместо да се издигнува духовно, крева чекани над глава.

– Тие ги размавтаа чеканите, кршат, како што правеа пред 30, пред 50, пред 70 години. Ништо ново не научиле, старото го заборавиле. Зошто овој дивјак не дојде со чеканот на 20 септември, кога ние бевме таму со војската? Тоа се глувци, скриени во мракот, свртени кон минатото, кои го влечат македонското општество надолу. Овој чин на дивјаштво фрла најголемо дамка на самите Македонци – вели Антонов.

Миленко Неделковски вчера се искачил на врвот Кајмакчалан и со токмак ја искршил спомен-плочата посветена на бугарските борци од Првата светска војна, која пред неколку дена без дозвола од македонските власти ја постави бугарска делегација, составена од политичари и од воени претставници. Неделковски на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографии од кршењето на спомен-плочата, а тоа предизвика реакции и во Софија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...