fbpx
Таг: образование

таг: образование

Ќе се зголемуваат платите во основното и средното образование

Владата на вчерашната седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за 5%, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава. На покачувањето ќе му претходно потпишување договор меѓу Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Со овој документ ќе се утврди најниската плата за најнискиот степен...

Наставниците и професорите ќе може да се вработат на неопределено време

На вчерашната 69. седница на Владата формирана е работна група за изнаоѓање на можно решение за проблемот со линдан во ОХИС. Оваа работна група во рок од три месеци треба да ја информира Владата за можните решенија на овој долгогодишен проблем. Владата ја прифати информацијата голем дел од наставниците и професорите во основното и средното образование да се вработат на неопределено...

Дескоска: Работиме за да изградиме достоинствена професија наставник

Неопходни се дополнителни образовни реформи со кои би се подобриле професионалните компетенции на наставниците, но тие нема да дадат соодветен ефект доколку државата не ги вклучи и наставниците во процесот на планирање и подготвување на тие реформи. Ова е дел од заклучоците кои беа истакнати на конференцијата „Образовни реформи: предизвици и перспективи во образованието на наставниците“ што вчера  ја организираше...

Како образовниот систем да се справи со предизвикот на медиумската писменост

На полето на медиумска писменост во образованието се работи, но недоволно и несистематски, беше заклучокот од конференцијата со наслов „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“, која се одржа денес во Скопје во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Едукацијата за медиумската писменост е неопходна во основното и средното образование во земјава, но прашањето е...

Западен Балкан ја зголемува вработеноста – Македонија најдобар пример

Македонија е еден од подобрите примери и практики за справување со невработеноста, се оценува во направените истражувања во рамките на проектот „Платформата за вработување и справување со социјалните прашања“ на Регионалниот совет за соработка (РСС). Истражувањето „Пазар на трудот на Западен Балкан: постигнато, предизвици и можни политики“ објавено во рамките на проектот, се однесува на шесте земји од Западен Балкан. Во...

Буџетот за 2018 денеска без опозицијата на пленарана седница во Собранието

Пленарната седница на која ќе се расправа за предлог-буџетот за 2018 година, е закажана за денеска во 11 часот. Пратениците на опозицијата не учествуваа во комисиската расправа за буџетот, а нивно присуство не се очекува ниту на денешната пленарна седница, па оттука можно е буџетот да биде изгласан уште денеска. Министерот за финансии, Драган Тевдовски вчера изјави дека жали што опозицијата...

ЕУ обезбеди 37,5 милиони евра за вработување, образование и за социјална инклузија

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, денеска ја промовираше кампањата „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“, со која Европската Унија ќе обезбеди 37,5 милиони евра за унапредување на состојбите во секторите вработување, образование и социјална инклузија, финансирани од ИПА оперативната програма за човечки ресурси 2007-2013. - Во земјава досега бев многупати за да помогнам...

Димитров и Бутарис разговараа за зајакнување на соработката во културата и во образованието

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој е во работна посета на Македонија, на денешната средба се согласиле дека комуникацијата меѓу граѓаните на двете земји е од извонредно значење за зајакнување на заемната доверба и разбирање, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи. На средбата, поконкретно, станало збор за прекуграничната соработка и...

Земјите од Балканот треба да ги унапредат буџетските политики за интеграција на Ромите

Земјите од Југоисточна Европа, посебно земјите кои имаат аспирации за членство во Европската Унија треба да ги стандардизираат и унапредат буџетските политики за интеграција на Ромите во нивните општества. Ова, на денешниот состанок во Белград, е детектирано како една од главните цели на која во претстојниот период треба да се фокусира Акцискиот тим на Регионалниот совет за соработка (РCC), како...

Дескоска: Новата влада е посветена на создавање отворени образовни ресурси

Македонија треба да вложи големи напори за создавање отворени образовни ресурси (ООР), а тоа е една од заложбите на новата влада, вели за „Мета“ министерката за образование и наука, Рената Дескоска, која учествува на Вториот светски конгрес на отворени образовни ресурси што овие два дена се одржува во Љубљана во организација на УНЕСКО и на Владата на Република Словенија. Идејата...

Државите да ги зголемат ефектите од отворените образовни ресурси

Вториот светски конгрес на отворени образовни ресурси (ООР) се одржува од 18 до 20 септември во Љубљана во организација на УНЕСКО и на Владата на Република Словенија. На конгресот учествуваат министерката за образование и наука, Рената Дескоска, и претставници од Македонија. Членот на Алијанса за ООР во Македонија, професорот од Економски институт, Зоран Јаневски, вели дека овој конгрес е особено значаен поради...

СДСМ: Учебната година почнува без притисок од екстерното тестирање

Учениците во основно и во средно образование првпат по неколку години ќе ја почнат учебната година ослободени од стресот што го создаваше непотребното екстерно тестирање, со што тие ќе станат попосветени и помотивирани во наставниот процес, се вели во утринското соопштение на владејачкиот СДСМ. Во него се додава дека се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа,...

Милошоски ја обвини власта за незаконско поставување на кадри

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска на прес-конференција ја обвини власта за незаконско поставување на кадри во Управните и Надзорните одбори, директори на јавни претпријатија и внатре на раководните позиции во државните институции. Тој кажа дека „незаконските дејствија се одвивале преку делигитимирање на институциите и поставување на луѓе со несоодветно образование.“ - Во Управни и Надзорни одбори се поставуваат луѓе...

Утре е последен ден за пленарна седница и за изгласување на ребалансот на буџетот

Пратениците ја завршија денешната расправа за ребалансот на буџетот, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, продолжението на седницата го закажа за утре, со почеток во 11 часот. Утре е последен ден за пленарна расправа и се очекува пратениците да го изгласаат ребалансот на буџетот за 2017 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вака како што е проектиран, ребалансот на буџетот нема...

ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за законот за зголемување на платите во јавниот сектор

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува министерот Драган Тевдовски, Владата на СДСМ и Зоран Заев, заедно со пратениците на СДСМ, да го поддржат предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за пет проценти, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев, пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека тие пари се за војската, полицијата, вработените во здравството, во образованието, во јавните претпријатија...

Тевдовски: Долгот на државните институции изнесува 363 милиони евра

Долгот на државните инстутиции заклучно со 31 мај годинава изнесува 363 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека прегледот на неплатените обврски е изработен врз основа на податоци кои буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и општини ги доставиле до Министерството и оттука не може да се гарантира нивната веродостојност. - Неплатените обврски на буџетските корисници изнесуваат...

СДСМ скрати цели 213 милиони денари наменети за образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и за факултетите во земјава, а ветуваше подобри услови во високото образование“, изјави денеска на прес-конференција Јован Јаулески, член на извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека во текот на изборите се ветувало квалитетно високо образование и подобри услови за студирање, а сега „се блокираат инфраструктурни проекти, се укинуваат мерки...

Министерот за финансии, Тевдовски се сретна со претставници од Светска банка

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска се сретна со претставници на Светска банка предводени од директорот за Македонија и Косово, Европа и Централна Азија, Марко Мантованели. На средбата, како што соопштуваат од Министерството за финансии, бил афирмиран партнерскиот однос на Македонија со Светска банка, била разгледана состојбата на тековните проекти, како и можностите за идна соработка. Почнувајќи од 1993 година, Светска банка е...

Свилановиќ: Борбата против екстремизмот да се вгради во образованието

„Спречувањето на екстремизмот треба да биде вграден во наставните планови и програми на општиот образовен систем, но и надвор од наставните активности“, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. - Младите се примарна цел на пропагандата на насилните екстремисти и за да станат поотпорни треба да се направат посебни координирани програми - појасни Свилановиќ, зборувајќи...

Заев: Се надевам дека до 5 јуни ќе го укинеме екстерното тестирање

Ние ќе побрзаме со формирањето влада за да можеме пред 5 јуни, датумот на екстерното тестирање, со одлуки или со закон да го укинеме овој експеримент, кој се покажа како неуспешен, рече мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, откако претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот. - Ние ветивме укинување на екстерното тестирање, тоа ќе биде...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...