fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Новата влада на Бугарија стапи на должност, Борисов во трет премиерски мандат

Попладнево бугарскиот парламент го одобри составот на новиот владин кабинет предводен од претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по што министрите положија заклетва и официјално ја презедоа власта. Малку подоцна, во седиштето на бугарската влада се одржа примопредавањето на должноста меѓу техничкиот премиер Огњан Герџиков и Борисов. Во моментов на веб-страницата на бугарската влада се поставени само имињата на новите министри,...

Ахмети – Жбогар: Сега на потег е Иванов, враќање назад нема

По изборот на претседател на Собранието, Ѓорге Иванов треба да го предаде мандатот на новото парламентарно мнозинство и потоа да се формира новата влада. Ова денеска го истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, одржана во седиштето на партијата во Тетово. Ахмети и Жбогар, како што се наведува во партиското...

Радев „ја препорача“ новата влада на Борисов со Красимир Каракачанов како вицепремиер

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска издаде указ со кој му предлага на бугарскиот парламент да ја изгласа новата влада на Бојко Борисов, откако лидерот на ГЕРБ утринава му го достави составот на новата влада. Радев ѝ посака успех на новата влада. Новиот кабинет на Бојко Борисов е третиот што тој ќе го води како премиер на Бугарија, а меѓу 18...

Заев на ЦО на СДСМ: Oчекувам наскоро да влеземе во преговори за новата влада

Очекувам наскоро да влеземе во преговори за формирање на новата влада, соопштил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на седница на централниот одбор на партијата вечерва. Како што соопшти СДСМ, централниот одбор едногласно ги поздравил чекорите и политиките на партискиот претседател, на раководството на партијата и на пратеничката група на СДСМ и коалицијата „што резултираат со отворена можност за формирање на...

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Очекуваме влада за две недели, одложувањето ќе има последици

Европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, кои беа посредници во постигнувањето на Договорот од Пржино во јули 2015 година, денеска во заедничка изјава повторно го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ја почитува волјата на парламентарното мнозинство и побараа тие што имаат политичка и криминална одговорност за насилствата да сносат соодветни последици. „Официјалната истрага треба ефикасно да ги идентификува и...

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да го повлече Џафери, а не да бара мандат за влада од Иванов

Позиците на двете партии, според нивните редовни утрински соопштенија, еден ден по разговорите со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија на САД, Хојт Брајан Ји, остануваат непроменети. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Талат Џафери е избран за претседател на Собранието надвор од сите процедури и на незаконски начин, додека од СДСМ нагласуваат дека тој е „новиот легитимен претседател на...

Заев на средбата со Ји: Сите да ги поддржат демократските процеси за новата влада!

Изразена е поддршка за демократските процеси во Република Македонија, кои по веродостојните избори продолжија со избор на нов собраниски претседател од редовите на парламентарното мнозинство, а ќе резултираат со избор на нова влада во Македонија, вели СДСМ во соопштението со кое извести за денешната средба на претседателот на партијата, Зоран Заев, заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, и генералниот секретар, Оливер Спасовски, со заменикот-помошникот државен...

СДСМ: Иванов е должен да го почитува Уставот и да го даде мандатот за влада

СДСМ реагираше на денешното соопштение од претседателскиот кабинет, во кое претседателот на земјава порача дека се надминливи пречките за доделување мандат за влада, но само доколку постои вистинска определба на лидерите на парламентарните политички партии. СДСМ порача дека претседателот Иванов ќе добие известување за ново парламентарно мнозинство од новиот претседател на Собранието. „Ѓорге Иванов мора да престане со неразумното однесување...

Иванов со Хојт Ји: Пречките за влада се надминливи, но со запазување на унитарноста

Македонскиот претседател; Ѓорге Иванов, на денешната средба со заменик-помошникот на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји, порачал дека се надминливи пречките за доделување мандат за влада, но само доколку постои вистинска определба на лидерите на партламентарните политички партии. Истовремено, Иванов побарал асистенција од САД за парламентарното мнозинство да го добие мандатот. Сепак,...

СДСМ: Да имаше нова влада, денеска ќе имаше минимална плата од 12.000 денари

„Да имаше денеска нова влада, овој 1 Мај сите работници веќе ќе имаа 12.000 денари минимална плата. И тоа е само еден пример што губат граѓаните поради интересите на една мала група на чело со Никола Груевски, која се обидува насилно да го спречи трансферот на власта“, порача претпладнево СДСМ во редовното секојдневно соопштение, нагласувајќи дека „тоа што петти...

Заев: Време е парламентарното мнозинство да си ја преземе одговорноста

„Како парламентарно мнозинство што ја доби довербата, оставивме овие пет недели целата јавност да се увери на каков лажен патриотизам се подготвени Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нема сомнеж дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја предаде власта бидејќи се плаши од одговорност. Бегање од одговорност нема, амнестија нема, ќе се оди на суд толку често колку...

Алтхаузер: Кризата трае долго и е длабока, очекуваме формирање функционална влада

Меѓународната заедница очекува формирање функционална влада која ќе се посвети на спроведување на итните реформи за евроинтеграциите, истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на Меѓународната конференција „Добри практики за обука во земјите членки на ЕУ“, која се одржа во Секретаријатот за европски прашања. - Кризата во Македонија трае долго и е длабока. Поминаа четири месеци од изборите, па сите, и меѓународната заедница...

Борисов: Мора да формираме влада

Мора да формираме влада, затоа другите формули, па дури и математички, нема да фунцкионираат, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев. Борисов рече дека за време на преговорите со партијата Обединети патриоти не разговарале за министерски позиции во идната влада. Тој истакна дека тоа за кое треба да раговараат со Обединети патриоти се програмата...

СДСМ: Груевски мора да прифати дека е опозиција и мирно да ја напушти власта

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да прифатат дека се опозиција и достоинствено да ја напуштат власта, што ја узурпираат четири месеци, без дозвола на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конфереција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски. „Лагите повеќе не поминуваат ниту кај граѓаните ниту, пак, кај меѓународната заеница којашто повика на разум во интерес на стабилноста...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да ја прифати волјата на народот

„СДС мора да ја прифати волјата на народот“ и мора да престане да води антимакедонска политика и да се пазари со националните и државни интереси, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски. - Граѓаните јасно кажуваат дека тиранската платформа врз која СДС сака да формира влада не смее да се реализира. Народот е против редефинирање и против разнебитување...

Николовски: Деведесет отсто од производството на јаболка во Преспанскиот Регион е загрозено

Деведесет отсто од производството на јаболка од оваа реколта, според жителите на Преспанскиот Регион, е загрозено, изјави денеска во Крани, пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој истакна дека и минатата година имало штети во производството на јаболка, но отштетата од страна на актуелната влада и на надлежното министерство не е исплатена, а доцнат и субвенциите за 2016 година, но и...

АПМ: Блокадата на Собранието остава многу негативни последици во секојдневниот живот

Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) бара да прекинат „игрите без граници“ со пасивното блокирање на изборот на претседател на Собранието и мирниот трансфер на власта, што треба да ја преземе новото парламентарно мнозинство. „Граѓаните на Република Македонија го чувствуваат нефункционирањето на државата во секој чекор и во секој дел од животот, со што станаа и заложници на партиската врхушка на...

Заев до Ромео: Ќе продолжиме со чекорите за деблокирање на демократските процеси

Парламентарното мнозинство ќе продолжи со чекорите кон избор на нов претседател на Собранието и избор на новата влада, рекол лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео. На средбата, како што соопштуваат од СДСМ, била констатирана потребата од деблокада на демократските процеси и била нагласена потребата од разумност за мирен трансфер на...

ЛП: Парламентарното мнозинство да не чека и да прејде на избор на спикер и на нова влада

Извршниот комитет на Либералната партија на синоќешната седница, на која била разгледувана актуелната политичка остојба во државата, констатирал дека „настојувања на парламентарното мнозинство што побргу да се конституираат државните органи, односно да се избере претседател на Собранието и влада на Република Македонија, се во опасен застој“. „Се наоѓаме во ситуација кога секој изгубен ден во стапувањето во функција на институциите...

ВМРО-ДПМНЕ: Алијансата за Албанците како мираз му ја носи тиранската платформа на Заев

Коалициските партнери на Заев од Алијанса за Албанците, кои како мираз му ја носат тиранската платформа, вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, стои во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Поголема потврда од тоа дека од Алијанса за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од тиранската платформа со СДС, а не...

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...