fbpx

Радев „ја препорача“ новата влада на Борисов со Красимир Каракачанов како вицепремиер

-

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска издаде указ со кој му предлага на бугарскиот парламент да ја изгласа новата влада на Бојко Борисов, откако лидерот на ГЕРБ утринава му го достави составот на новата влада. Радев ѝ посака успех на новата влада.

Новиот кабинет на Бојко Борисов е третиот што тој ќе го води како премиер на Бугарија, а меѓу 18 министри е и Красимир Каракачанов, лидерот на ВМРО-БНД, познат по своите изјави за идентитетот на Македонците. Тој ќе биде и вицепремиер на Бугарија за јавен ред и безбедност, а истовремено и министер за одбрана.

Од четворицата вицепремиери во новата влада, двајца се од десноцентристичката ГЕРБ и двајца од партијата Обединетите патриоти. Покрај Каракачанов, од Обединети патриоти е и вицепремиерот за економска и за демографска политика, Валери Симеонов.

Од страна на ГЕРБ вицепремиери ќе бидат: Томислав Дончев, кој ќе ги преземе европските фондови, и Екатерина Захариева, која ќе биде министер за надворешни работи и ќе одговара за судскиот реформи.

Покрај двете вицепремиерски места, Обединети патриоти ќе ги контролираат министерствата за одбрана, економијата и за животната средина, а другите 15 министерски функции остануваат за ГЕРБ.

Претседателката на претходниот состав на Народното собрание, Цецка Цачева, е новиот министер за правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...