fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Ахмети попладнево на средба со Заев на Бихаќка

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево е на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во седиштето на партијата во Скопје, јавува „Телевизија 24“. Средбата меѓу двајцата лидери следува откако Заев му ги предаде потписите на претседателот Ѓорге Иванов, од кого се очекува да му го додели мандатот за состав на новата влада. Ахмети денеска на средба со амбасадорот на Шведска...

Ахмети: Протестите се демократско право, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија

Протестите се демократско право на изразување на незадоволство, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со шведскиот амбасадор во земјава, Матс Стефансон, осудувајќи го нападот на новинарската екипа на „А1он“ на вчерашниот протест. Ахмети и Стефансон разговарале за актуелната состојба во Македонија и за преговорите меѓу политичките партии околу...

Стејт департмент: Лидерите да формираат нова влада без понатамошно одложување

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека САД заедно со НАТО и со ЕУ одблизу го следат процесот на формирање влада во Македонија, по парламентарните избори одржани на 11 декември 2016 година. „САД ги повикуваат македонските лидери да формираат нова влада без понатамошно одложување, на начин во согласност со Уставот и со аспирациите на Македонија за влез во Европската Унија и...

Заев – Лисјен: Очекувам од Иванов наскоро да ми го додели мандатот за влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новата амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Лин Лисјен. На средбата, како што соопштуваат од партијата, Заев ја информирал амбасадорката за актуелните политички настани во земјава и за очекувањето претседателот Ѓорге Иванов наскоро да му го додели мандатот за состав на новата влада. - Идната влада на Македонија ќе биде...

Амбасада на САД: Се согласуваме со ставовите на Столтенберг и на Хан за формирањето влада

Амбасадата на САД во Скопје порача дека партиите треба да ги почитуваат демократските процеси и институции. „Се согласуваме со ставовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, за формирањето влада. Сите партии треба да ги почитуваат демократските процеси и институции и да се фокусираат на нивната заедничка заложба - да...

Димовски до Хан: Вторпат го кршите ветувањето дека нема да се мешате

Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска реагираше на изјавата на Јоханес Хан, од саботата, со забелешка до еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика дека „пред само десет дена во Скопје јавно кажал дека нема да се меша, а сега објавува на „Твитер“ дека претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или...

ЛДП бара нов закон за употреба на канабис

Либерално-демократската партија денеска соопшти дека преку пратениците во Собранието на Република Македонија ќе достави предлог до новата влада за носење на ново законско решение за легализација на канабисот за медицинска употреба и за декриминализација на канабисот за лична употреба. „Предлог-законот ќе биде усогласен со потребите на сите засегнати страни и во соработка со граѓанскиот сектор. Зголемената понуда на масло од...

Најдовме решение во согласност со Уставот, истакнала Шекеринска на средбата со Данкан

Промените што се случуваат на политички план во Македонија и економските предизвици за обезбедување квалитетен живот, биле тема на средбата помеѓу заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, и државниот министер за Европа и за Америка на Велика Британија, Ален Данкан, кој е во дводневна посета на земјава. - Се отвораат светли перспективи за Република Македонија и за граѓаните, со демократските промени...

Шекеринска: Во завршна фаза се преговорите за нова влада предводена од СДСМ

„Разговорите меѓу СДСМ и партиите што се очекува да бидат дел од новото парламентарно мнозинство се во завршна фаза. Преговорите за сите прашања се водат исклучиво на основа на Уставот, за тоа постои согласност од сите страни. Очекуваме Македонија наскоро да ја добие новата влада“, рекла заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на средбата со амбасадорот на Норвешка, Арни Бјорнстад, соопшти СДСМ. Таа...

Попладнево Ахмети на состанок со централното претседателство на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го свика централното претседателство на партијата за денеска во 17.30 часот, потврдиле од ДУИ за „Телевизија 24“. На состанокот, како што пренесува телевизијата, тројцата потпретседатели на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, треба да реферираат за текот на разговорите со работниот тим на СДСМ. Состанокот на централното претседателство на партијата доаѓа по синоќешната средба...

Ахмети: Немаме големи разлики со СДСМ околу предлогот за употребата на албанскиот јазик

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека не разговарале за потписите за добивање мандат за нова влада. - Албанскиот јазик во Уставот на Македонија е загарантиран. Ние деновиве ќе свикаме и претседателство за да донесеме важни одлуки за Албанците. На денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не се разговараше за...

Заев по средбата со Ахмети: Нема чепкање на Уставот и по цена да не ги добијам потписите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва по тричасовната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Мала Речица изјави дека се блиску до договор и оти на средбата било разговарано за уставноста на решенијата. - Во тек се преговори. Интензитетот се зголемува. Одредени прашања се расчистени и тие прашање ќе ги пренесеме на нашите работни групи, на СДСМ и на...

Заев на средба со Ахмети во Мала Речица

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Мала Речица има средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која ќе разговараат за приближување на програмите на двете партии и за можното коалицирање и формирање влада. Без да даде каков било коментар, Заев влезе во седиштето на ДУИ, а не одговори ниту на прашањата дали по средбата ќе даде изјава и...

Спасовски: Сè уште разговараме за употребата на јазиците

Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за мандатот за состав на влада, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, по денешната средба на работниот тим на партијата со претставници на Алијансата на Албанците. На средбата, како што изјави Спасовски, било разговарано за „иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за остварувањето на националните интереси...

Брисел не ја коментира платформата на партиите на Албанците

Европската комисија денеска не сакаше да ја коментира платформата на партиите на Албанците, но повтори дека очекува наскоро да се формира влада која ќе има широка политичка поддршка. - Како што и претходно изјавивме, не шпекулираме за составот на владата, за програмата во Македонија, но тоа што го очекуваме, а тоа е став кој го имаме откако се одржаа изборите,...

Жбогар: Не треба да драматизираме, да им дадеме време на лидерите да се договорат

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска во Берово оцени дека ситуацијата во Македонија не е толку драматична и оти на партиите треба да им се даде простор за да се договорат за формирање влада. - Не мислам дека состојбата во земјата е толку тешка, не треба да драматизираме. Имавме избори и нормално е да се даде повеќе време за да можат политичките...

Пломп: Нема време за губење, очекуваме реформска, отчетна и одговорна влада

Нема време за губење и од македонските политичари исклучиво зависи да одлучат за иднината на својата земја, изјави амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, по денешната презентација на истражувањето „Неосновани притворени - правни и буџетски импликации“, во ЕУ-Инфо центарот во Скопје. - Ако ме прашувате како ги коментирам последните случувања и преговорите за формирање на владата, можам само да го...

ДУИ и Алијансата не го открија ставот за предлозите на СДСМ

Средбата на потпретседателите ДУИ и на Алијанса за Албанците заврши, но ниту еден од претставниците на двете политички партии не соопшти детали од двочасовните разговори. Тие не открија какви предлози содржи документот испратен од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ниту пак дали е прифатлив за нив. И од ДУИ и од Алијансата кратко информираа дека „разговарале за заедничката платформа“. – Денешната...

Бејта – Тимоние: Поребно е брзо формирање нова влада

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта по денешниот состанок кој го одржаа во зградата на Општина Гостивар, порачаа дека е потребно што побрзо формирање на нова Влада. По средбата на која било разговарано за актуелната политичка состојба во земјава, амбасадорот Тимоние рече дека државата не е во криза, но не треба да се...

СДСМ: Интервјуто на Груевски е потврда дека неговото време е завршено

Политичките процеси во Македонија повеќе не зависат од Никола Груевски и од криминалните структури што 10 години ја влечат Македонија кон дното, а вчерашното интервју на Груевски е потврда дека неговото време е завршено, се вели во реакцијата на СДСМ. „Во политиката во Македонија повеќе нема место за политичари кои го крадат и го лажат својот народ, нанесуваат зло и...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...