fbpx

Ахмети: Немаме големи разлики со СДСМ околу предлогот за употребата на албанскиот јазик

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека не разговарале за потписите за добивање мандат за нова влада.

– Албанскиот јазик во Уставот на Македонија е загарантиран. Ние деновиве ќе свикаме и претседателство за да донесеме важни одлуки за Албанците. На денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не се разговараше за потписите за состав на нова влада, туку за различните ставови на ДУИ и на СДСМ. И експертите од двете партии се очекува да најдат заедничко решение. Можам да кажам дека немаме големи разлики со СДСМ околу предлогот за употребата на албанскиот јазик – изјави Ахмети по тричасовната средба со Заев.

За медиумите на македонски јазик немаше обезбедно превод на изјавата на лидерот на ДУИ. Замолен да каже неколку реченици на македонски јазик за денешната средба, Ахмети побара околу тоа да помогнат албанските колеги, новинари.

На новинарско прашање, Ахмети рече дека со лидерот на СДСМ разговарале на македонски.

Претходно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека на средбата се разговарало за уставноста на предложените решенија, но истакна дека и по цена да не ги добие потписите за добивање мандат, нема да дозволи чепкање во Уставот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владините лопати се фрлаат и на 40 степени

Топлото време и екстремно високите температури не беа пречка премиерот Мицкоски, повеќе владини и локални функционери, во најтоплиот период од денот – од 12 до 14 часот, да фрлаат...