понеделник, 15 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Никола Груевски | 1.308 резултати

Министерството за правда ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири

12 септември 2022

Министерството за правда соопшти дека во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, како и за Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, обвинети за масакрот кај Смилковско Eзеро. „За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од […]

Никола Груевски не е во С. Македонија, ниту, пак, бил во земјава за својот роденден

5 септември 2022

Објавата дека експремиерот Груевски е во земјава се темели само на тврдењето дека неговата Фејсбук страница има четворица администратори кои се наоѓаат во Македонија, па оттаму се вади и заклучокот дека и Груевски е тука. Логичниот заклучок е дека за високопрофилиран политичар од негов ранг и калибар, којшто е баран во земјава и за него […]

Вистиномер: Вучиќ не рекол дека Македонија не е моќна како во времето на Груевски

8 август 2022

Вучиќ никаде не кажал дека „Македонија не е моќна како во времето на Груевски“, како што тоа се тврди  во насловот на текстот што е споделен  во овој пост. Самиот напис се однесува на изјавата на Вучиќ дадена во насока на меѓусебна помош во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Во содржинскиот дел на текстот изјавата […]

Шест години затворска казна за Груевски за случајот „Талир 2“, судот ќе ја конфискува Белата палата

8 јуни 2022

За виновни се прогласени поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата и на тогашната Влада Кирил Божиновски, за незаконската изградба на Белата палата – седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Основниот кривичен суд Скопје го осуди Груевски на затворска казна од шест години, додека Божиновски доби условна казна од […]

Пресуда за уривањето на „Космос“: Никола Груевски доби девет години казна затвор, Јанакиески три

20 мај 2022

Основниот кривичен суд-Скопје денеска ги објави пресудите во случајот „ТНТ“, којшто се однесува за рушењето на станбениот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Судот ги прогласи за виновни обвинетите, при што поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на девет години казна затвор. Некогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на три години […]

Обвинителството со нови докази за „Талир-2“, ВМРО-ДПМНЕ не плаќало данок на имот пет години

5 мај 2022

Со цеде и документи, обвинителот Љубомир Лапе, утрово на Основниот кривичен суд во Скопје му предложи дополнување на доказите во судењето за предметот „Талир 2“, кое се однесува на противзаконската градба на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, објави денеска истражувачкиот портал Призма. Меѓу четириесетината докази, се најдоа и решенија од Град Скопје за данок на имот […]

Врховен суд го отфрли барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Насилство во Општина Центар“

29 април 2022

Врховниот суд го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за судскиот случај „Насилство во Општина Центар“, во кој Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите обвинети беа осудени на условни казни. „Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на […]

Пет години од „крвавиот четврток“: наместо мирен трансфер на власта, обид да се воспостави целосна диктатура

27 април 2022

Денеска се навршуваат пет години од „крвавиот четврток“ или упадот во Собранието на 27 април 2017 година кога група на луѓе вклучувајќи и членови на безбедносните структури го нападнаа законодавниот дом во организација на раководството на тогаш сè уште владејачката ВМРО-ДПМНЕ сакајќи да спречат мирен трансфер на власта. Тоа беше обид за воспоставување на целосна […]

Груевски доби седум години затвор за „Плацевите на Водно“, конфискуван му е целиот имот

21 април 2022

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија и за случајот „Плацеви на Водно“ беше првообвинет за перење пари, противправно стекнување и прикривање на имот, денеска доби казна затвор од 7 години и парична казна од 3.500 евра. Воедно, судот пресуди целокупниот имот на Груевски да биде конфискуван, освен двата стана што ги […]

Стејт департментот ги стави на црна листа Груевски и Мијалков

11 април 2022

Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа поранешниот премиер Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како одговор на нивното учество во значајна корупција. Според Стејт департментот, нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат довербата на јавноста во владите. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, […]

Судот одлучи три стана во „Панорама Резиденс“ да замрзне во случајот „Плацовите на Водно“

4 април 2022

На барање на обвинителот што го води случајот, Основниот кривичен Суд во Скопје денеска одлучи да го замрзне имотот – трите стана на фирмата „СС Инвестмент“ во комплексот „Панорама Резиденс“ на Водно. На денешното судско рочиште за случајот „Плацовите на Водно“, судот одлучи да го замрзне имотот, бидејќи бизнисменот Орце Камчев претходно изјави дека овие […]

Вистиномер: Груевски не заминува кај Путин

17 февруари 2022

Поранешниот премиер Никола Груевски одговори на нашите прашања и запрашан дали информацијата објавена на МкДенес е вистинита, односно дали навистина добил политички азил и заминува во Русија, како и дали бил контактиран од страна на Путин за ваква комбинација, тој негираше, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме медиумски напис […]

Нови сведоштва пред судот за тоа како Никола Груевски купил два стана на „Бихаќка“

10 декември 2021

Судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ продолжи денеска со сведочењата на двајца сведоци – секретарката на бизнисменот Александар Ивановски – Теранова, Татјана Стојановска, сосетката на поранешниот премиер Никола Груевски, Бисерка Јовковска и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев. Татјана Стојановска на судењето посведочи како фиктивно купила два стана на улицата Бихаќка во […]

Протоѓер, Јанкулоска и Чинговски сведочеа за случајот „Плацови на Водно“

7 декември 2021

Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Влатко Чинговски денеска се појавија во Основниот кривичен суд во Скопје како сведоци на обвинителството во случајот „Плацови на Водно“. Тие одговараа на прашањата за финансирањето на партијата, од чии донации според тезата на обвинителката Лиле Стефанова, поранешниот премиер Никола Груевски купувал атрактивни плацови. Поранешниот шеф на кабинетот на Никола […]

Апелација ја потврди казната од 1,5 години затвор за Груевски за шамарите пред Општина Центар

29 ноември 2021

Апелацискиот суд ја потврди затворската казна од 1 и пол година за поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Насилство во општина Центар“, којшто се однесува на шамарите и демолирањето на бараките на Општина Центар во периодот на неговото владеење. „Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. […]

Утре гласање за доверба на владата, ИФИМЕС пишува за операција „Коњички скок“ за враќање на Груевски на власт

10 ноември 2021

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана подготви опсежна анализа за актуелната политичка ситуација во Северна Македонија, во која се наведува дека пред очите на македонската и меѓународната јавност се одвива завршната фаза од тајната разузнавачка операција „Коњички скок“ со крајна цел за враќање на Никола Груевски во земјава и соборување на […]

Унгарската опозиција води на анкетите пред изборите, нивниот лидер сака да го екстрадира Груевски во земјава

28 октомври 2021

Опозициската алијанса од шест политички партии во Унгарија има предност на предизборните анкети од 4 проценти пред владејачката партија „Фидеш“ на Виктор Орбан, пишува британскиот весник Гардијан. Поддршката на здружената опозиција во моментов изнесува 39 отсто, партијата на Орбан има популарност од 35 отсто, додека 23 отсто од граѓаните не одлучиле за кого ќе гласаат. […]

Вистиномер: Проектот „Скопје 2014“ е проект на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

11 септември 2021

„Вистиномер“ рецензираше изјава на Наташа Котлар – Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Рецензијата на колегите од Вистиномер ја пренесуваме во целост. Кандидатката за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар – Трајкова, во интервју за Сител телевизија, на прашањето што ќе прави ако дојде на власт […]

Дваесет и пет години затвор за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април

26 јули 2021

Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно години 25 години затвор. Највисока казна против организаторите на упадот и насилствата во Собранието од 27 април 2017 година доби поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој е осуден на шест години и шест месеци затвор, […]

Русковска на судењето за „27 април“: Обвинетите правеле план за спречување на мирното предавање на власта

1 јули 2021

Обвинителката Вилма Русковска денеска во скопскиот Кривичен суд ги даде завршните зборови на судскиот процес што се води против организаторите на упадот во Собранието и насилните сцени од 27 април 2017 година. Русковска достави изменето обвинение за Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, за што реагираше и одбраната на обвинетите. […]

Страна 2 од 66