fbpx

Нови сведоштва пред судот за тоа како Никола Груевски купил два стана на „Бихаќка“

-

Судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ продолжи денеска со сведочењата на двајца сведоци – секретарката на бизнисменот Александар Ивановски – Теранова, Татјана Стојановска, сосетката на поранешниот премиер Никола Груевски, Бисерка Јовковска и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев.

Татјана Стојановска на судењето посведочи како фиктивно купила два стана на улицата Бихаќка во 2008 и 2009 година, коишто ги поседувал Никола Груевски. Во 2018 година, пред тој да избега од земјава, потпишал договор за закуп на двата стана на 5 години, без надомест.

Секретарката во фирмата на познатиот Александар Ивановски-Теранова, Татјана Стојановска, денеска во судница за време на сведочењето изјави дека според имотните листови таму има два стана – еден на нејзино име, а еден на фирмата – но во суштина, тие не се нивни сопственици.

Таа ја објасни технологијата и правната постапка при купувањето на двата стана, во кои таа никогаш не влегла, ниту имала клучеви од нив. Стојановска додаде дека ниту дала ниту видела пари за станот, само со човек од кај Груевски отишле на нотар, потпишале и целата работа експресно се завршила.

На судењето денеска сведочеше и Бисерка Јовковска, од која и од нејзиниот сопруг Груевски го купил едниот стан. Таа објаснуваше како дошло до трансакцијата. Таа објасни дека нивниот стан бил до станот во којшто живееше Груевски и дека тие го купиле за нивната ќерка која била студент. Јовковска-Ќаева рече дека станот му го продале на Никола Груевски, но дека не се виделе со него.

Денеска сведочеше и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев. Тој рече дека тогашниот министер Миле Јанакиески, му понудил земјиште на Водно од 1.200 метри квадратни над куќата на Вилма Трајковска. Тоа земјиште чинело 1,2 милиони евра и му било кажано во Министерството за транспорт и врски дека земјиштето „е на фамилијата на Панделевски од ‘Пелистерка’ и со тоа заврши разговорот“. Гечев додаде дека тој потоа не се интересирал, ниту сакал да гради на локацијата на Водно.

Инаку, двата стана, заедно со земјиштето на Водно од 11.000 метри квадратни што исто така го купил под друго име, како и тоа во Крушево за куќата и видиковецот што сакал да ги гради, како и друг имот, се замрзнати додека трае судскиот процес, во кој поранешниот премиер е обвинет дека ги купил со перење пари од членарините во ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...