Судот одлучи три стана во „Панорама Резиденс“ да замрзне во случајот „Плацовите на Водно“

-

На барање на обвинителот што го води случајот, Основниот кривичен Суд во Скопје денеска одлучи да го замрзне имотот – трите стана на фирмата „СС Инвестмент“ во комплексот „Панорама Резиденс“ на Водно. На денешното судско рочиште за случајот „Плацовите на Водно“, судот одлучи да го замрзне имотот, бидејќи бизнисменот Орце Камчев претходно изјави дека овие станови биле дадени како замена за атрактивните парцели на Водно, кои се предмет на обвинението.

Судот денеска одлучи и да не ги прифати како доказ објавените снимени разговори меѓу Никола Груевски и Орце Камчев, коишто деновиве кружат по социјалните мрежи и Јутјуб откако бизнисменот Камчев претходно го даде својот исказ пред судот. Ваквото барање за да се прифатат разговорите како доказ стигнаа како предлог на адвокатот што го застапува по службена должност поранешниот премиер Никола Груевски.

Со денешното судско рочиште заврши и дополнителната доказна постапка. За овој судски случај, од наредната недела обвинителството и адвокати на обвинетите треба да започнат со давање заврши зборови, по што се очекува судот да ја соопшти и пресудата.

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70...