fbpx
Таг: Никола Димитров

таг: Никола Димитров

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за преговори за името

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе водат преговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров за агенцијата „Ројтерс“. Тој очекува првата средба на новите групи да се одржи во февруари, при што директно ќе се преговара за можни решенија за спорот. - Се...

Димитров и Коѕиас очекуваат „иницијална рамка“ за решавање на спорот за името

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на денешната средба која се одржала во Солун, изразиле заедничко очекување дека претстојниот состанок на 17 јануари, медијаторот Метју Нимиц „ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името“, се наведува во соопштението кое е усогласено...

Димитров денеска ќе се сретне со Коѕиас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, информираат од Министерство за надворешни работи. Од таму додаваат дека „во фокусот на разговорите ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.“ Местото на средбата помеѓу Димитров и Коѕиас не е соопштено. Синоќа, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи,...

Димитров утре ќе се сретне со Коѕиас, но не се знае каде

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, информираат од Министерство за надворешни работи. Од таму додаваат дека „во фокусот на разговорите ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.“ Местото на средбата помеѓу Димитров и Коѕиас не е соопштено.

Има значаен напредок во спроведувањето на реформите, оценија Заев и експертите од БИЕПАГ

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска присуствуваа на работен ручек во однос на евроатланските процеси на Македонија и Балканот со странски експерти кои се дел од „Балканс ин Јуроп полиси адвјазори груп“ (БИЕПАГ), Хедвиг Морвај, директор на Европскиот фонд за Балканот и Флоријан Бибер, директор на Центарот за југоисточни европски студии на Универзитетот во...

Дигитална дипломатија: Повеќе сме отсутни, отколку присутни на социјалните медиуми

„Твитер“ препукувањата помеѓу амбасадите на Русија и на САД околу загадувањето на воздухот во Скопје ја истакна важноста на социјалните мрежи и комуникацијата која се врши преку нив. Политичарите од западните земји активно и постојано ги користат социјалните мрежи за споделување на информации и за комуникација со јавноста. Обединетата македонска дијаспора во истражувањето спроведено од октомври до декември годинава го споредува присуството на...

Новини во спорот со името дури по празниците, вели Димитров

Преговорите за спорот за името ќе продолжат по новогодишните и божикните празници, а во меѓувреме не се очекуваат било какви случувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. - Договорена е следната средба да биде по празниците во јануари, така што не би требало да се очекува некакво посебно...

Сијарто: Сакаме ЕУ во февруари да одреди датум за почеток на преговори со Македонија

Следниот самит на НАТО е незамислив без прашањето на проширувањето, а сакаме и ЕУ во февруари да одреди датум за почеток на преговори со Македонија, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, Петер Сијарто на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. - Унгарија и натаму ќе дава поддршка за Македонија и земјите...

Шефот на унгарската дипломатија, Сијарто утре во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Како што соопштија од МНР, тие ќе разговараат за билатералните односи, европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Исто така,...

Димитров до дипломатскиот кор: Очекуваме безусловна препорака за преговори напролет

Членството во Европската Унија останува клучен приоритет на нашата надворешна политика. Искрено се надеваме дека нашата политичка волја и реформска ориентираност, заедно со поддршката на нашите пријатели и партнери, ќе ни донесе безусловна препорака за почеток на пристапните преговори, следната пролет, истакнал министерот за надворешни работи, Никола Димитров во своето обраќање на традиционалниот Новогодишен и Божиќен прием за дипломатскиот...

Рот на Димитров му ја потврдил германската поддршка за македонските евроинтеграции

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Берлин се сретнал со Михаел Рот, државен министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Во соопштението од МНР се вели дека Димитров го информирал Рот за тековните активности и за предвидената динамика за имплементација на реформите во насока на исполнување на неопходните критериуми за почеток на...

Заев на средба со Наумовски, пред почетокот на циклусот состаноци со Нимиц на 11 декември

Премиерот Зоран Заев денеска одржал консултативна средба со амбасадорот Васко Наумовски, кој е специјален пратеник во разговорите кои се водат за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, под покровителство на Обединетите нации, информираат од Владата. Тие се координирале за претстојните активности, односно пред новиот циклус разговори кои треба да почнат со посредникот Метју Нимиц на 11 декември. „На оваа средба, на која...

Димитров утре и задутре во Виена на министерски совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе ја предводи македонската делегација на 24. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 7 и 8 декември во Виена. Димитров ќе има обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. „На Министерскиот совет, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења...

Димитров – Тилерсон: Огромна е нашата посветеност да станеме дел од НАТО

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, вчера во Стејт департментот се сретнал со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, со кој разговарал за актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот и го запознал со актуелностите во процесот на надминување на разликите околу спорот за името со Грција, информираат од кабинетот на министерот. - Македонија е пријател и партнер на...

Димитров од среда во дводневна посета на САД

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, в среда во Вашингтон ќе учествува на конференција во организација на Атлантскиот совет на САД, насловена „Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“. На Конференцијата, како што соопштуваат од МНР, ќе учествуваат министрите за надворешни работи на балканските земји и повеќе од стотина експерти од двете страни на Атлантикот. Учесниците ќе разменат...

Димитров: Во преговорите со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв

Во преговори со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. - Ако има победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитнкот, бидејќи ќе развие ужасен национализам. Мора да најдеме начин двете страни да...

Димитров и Бутарис разговараа за зајакнување на соработката во културата и во образованието

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој е во работна посета на Македонија, на денешната средба се согласиле дека комуникацијата меѓу граѓаните на двете земји е од извонредно значење за зајакнување на заемната доверба и разбирање, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи. На средбата, поконкретно, станало збор за прекуграничната соработка и...

Димитров – Коѕиас: Отворен и конструктивен дијалог ќе придонесе за меѓусебна доверба

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас на маргините на министерската средба во Брисел разговараа спорот за името и за мерките за доверба. „Се зборуваше за натамошно унапредување на мерките за доверба и унапредување на прекуграничната соработка. На средбата стана збор и за процесот за надминување на единственото отворено прашање, за разликата околу името. Министрите...

Жешка пролет за Македонија најавија Хан и Могерини

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини разговарале за потребата за интензивирање на реформскиот процес и негово преточување во конкретни резултати. На средбите, како што соопштија од македонското МНР, биле испратени охрабрувачки пораки за европски...

Османи: Македонија не смее да си дозволи да го пропушти овој бран на европски оптимизам

Не е возможно да има кредибилност на процесот на проширување, без Македонија да биде дел од Стратегијата на Европската Комисија за проширувањето на Унијата, изјавил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Според Османи, создадени се соодветни услови за 2018 година да биде историска година за Македонија за евроатланските...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...