fbpx

Има значаен напредок во спроведувањето на реформите, оценија Заев и експертите од БИЕПАГ

-

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска присуствуваа на работен ручек во однос на евроатланските процеси на Македонија и Балканот со странски експерти кои се дел од „Балканс ин Јуроп полиси адвјазори груп“ (БИЕПАГ), Хедвиг Морвај, директор на Европскиот фонд за Балканот и Флоријан Бибер, директор на Центарот за југоисточни европски студии на Универзитетот во Грац.

На средбата, како што се наведува во соопштението од Владата, присуствуваа и домашни експерти, поранешните амбасадори и универзитетските професори Блерим Река и Ѓорѓи Спасов.

„Заеднички беше оценето дека Република Македонија има направено значаен исчекор во спроведување на демократските реформи и во забрзувањето на евро-атланските интеграции и беше заклучено дека од исклучителна важност е да продолжат реформите и Македонија да има јасни перспективи и напредок во однос на членството на земјата во ЕУ и НАТО во 2018 година“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...