fbpx

По тензичниот почеток, напредок на седницата на Советот за реформи во правосудството

-

Професорот Љубомир Фрчкоски оцени дека денешната седница на Советот за реформи во правосудството била „тензично-конструктивна“ и оти е постигнат напредок со формирање на работна група за дефинирање на правилата на работа на Советот.

Работната група, со која ќе раководи професорката Мирјана Најчевска, треба до крајот на месецов да ги изготви и предложи правилата. Сепак, Фрчковски рече дека останува да се види дали истите ќе бидат донесени пред нова година.

– И конечно на следниот состанок во рамките на правилникот за работа, кој Најчевска ќе ни го предложи ќе почнеме да расправаме и за составот на работните групи кои треба да ги направат законите. Првично одлучивме членовите на советот да влезат во сите работни групи, таму каде што ги нема, а потоа ќе расправавме и за потребата од бројот на работните групи, дали треба нови, дали некои треба да се укинат, кој треба да ги води… Тоа ќе остане за следните седници. Договориме да се среќаваме почесто и погусто за да може тие планови што сега ги направивме да ги спроведеме – изјави Фрчкоски.

Тој рече се договориле да се формира комисија која, во рамките на законските можности, што треба да ги разгледа опциите за обнова на постапките во оние случаи каде има индиции за сериозно кршење на човековите права. Комисијата, како што соопшти Фрчкоски, ќе биде составена од тројца професори и двајца или тројца судии и еден обвинител.

Министерот за правда Билен Саљији рече дека Советот за реформи во правосудството, кој е во рамките на Министерството за правда ќе продолжи да функционира како што функционирал досега со подобрено и забрзано темпо во насока на спроведување на сите задачи кои се очекуваат во блиска иднина од самото Министерство со цел реформирање на правосудниот систем во Република Македонија.

Прашан дали ќе се повлече од Советот, Саљији изјави дека и понатаму останува претседател на Советот и дека е формирана група која ќе предложи решение за точно утврдување на начинот на работа на советот во иднина.

– Сите членови се исти, останува нејасна изјавата на професорот Гордан Калајџиев кој до денеска до мене не доставил официјално известување дека се повлекува од Советот. Јас ќе настојувам и лично да разговарам со професорот за да го надминеме недоразбирањето. Инаку, постои можноста Советот да се прошири и со други експерти и чинители кои ќе можат да дадат одреден придонес во работењето – рече Саљији.

Денешниот состанок на Советот за реформи во правосудството беше одржан откако дел од членовите обвинија дека Министерството за правда не ја користи и ја избегнува нивната експертиза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...