fbpx
Таг: Никола Димитров

таг: Никола Димитров

Османи: Македонија не смее да си дозволи да го пропушти овој бран на европски оптимизам

Не е возможно да има кредибилност на процесот на проширување, без Македонија да биде дел од Стратегијата на Европската Комисија за проширувањето на Унијата, изјавил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Според Османи, создадени се соодветни услови за 2018 година да биде историска година за Македонија за евроатланските...

Хан следната недела доаѓа во Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан по средбата со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, најави дека следната недела ќе престојува во Македонија. „Одличен состанок со вицепремиерот, Бујар Османи и Министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Уверен сум дека владата ќе ја искористи позитивната динамика и дека ќе видиме понатамошни реформски...

Димитров и Коѕиас разговарале за комуникациските механизми меѓу двете земји

Комуникациските модалитети меѓу двете земји, како и комуникациските механизми во рамки на Европската Унија биле дел од темите за кои денеска разговарале министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои се сретнаа на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ во Брисел. - Разговаравме за прашања поврзани со комуникациите, комуникациските...

Османи во 2018 година очекува одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Брисел имаа работна средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, на која Османи истакнал дека 2018 година ќе биде клучна година за процесот на евроинтеграција на Македонија. Османи потенцирал дека Владата има намера до крајот на оваа година да испорача напредок во имплементацијата...

Димитров и Коѕиас ќе разговараат за спорот за името во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, денеска ќе имаат билатерална средба во Брисел, на маргините од состанокот министрите за надворешни работи на земјите од Европската Унија. Според најавите, Димитров и Коѕиас ќе разговараат за спорот за името, како и за мерките за градење доверба. Коѕиас, пред заминувањето за Брисел изјави дека Грција сака да го...

Владата по изборите агресивно се посвети на реформите, реферирал Османи во Брисел

Имплементацијата на делот „3“ и динамиката за реализација на остатокот од клучните реформи од планот „3-6-9“ биле темите на кои реферирале вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешниот работен појадок во Брисел со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија. Османи ги претставил резултатите и постигнувањата од имплементацијата на делот...

Димитров и Османи во дводневна посета на Брисел – ќе имаат средби со Могерини и со Хан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Двајцата министри ќе имаат средби со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Тема на разговорите ќе бидат новите можности на...

Димитров ја осуди одлуката на Приштина да ги помогне семејствата на осудените во „Диво Насеље”

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска на средбата со косовската министерска за европски прашања Дурата Хоџа ја осуди одуката на официјална Приштина финансиски да ги потпомогне семејствата на лицата осудени во случајот „Диво насеље“. „На средбата стана збор и за последните реакции во Република Косово поврзани со изречените првостепени судски пресуди во случајот ‘Диво Насеље’, при што министерот Димитров...

Дармановиќ: Ако реформите одат добро, Македонија би требало да биде дел од ЕУ во 2025

Македонија и Црна Гора имаат отворени и неоптоварени билатерални односи, но потребно е да се работи на подобрување на економската соработка меѓу двете земји, оценија по денешната средба шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот црногорски колега, Срѓан Дармановиќ. На средбата, како што соопштија, било разговарано за искористување на потенцијалите за економска, но и за соработка на полето на...

Имињата на новите амбасадори ќе се знаат откако ќе добијат агреман од земјите домаќини

Имињата на македонските амбасадори кои ќе треба да ги пополнат испразнетите дипломатски претставништва ќе бидат соопштени дури откако ќе бидат одобрени од земјите во кои треба да бидат испратени, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров. - Во процесот на одредување амбасадори се вклучени и трети земји согласно практиката и почитта кон земјите од кои што се бара согласност. Тогаш,...

Димитров: Нема „ревидирање на историјата“ со Грција, туку само средба на историчари

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска негираше дека со неговиот грчки колега Никос Коѕиас договориле „ревидирање на историјата“. - На средбата во Солун не беше разговарано за ова. На средбата во Њујорк разговаравме за средба на историчари и експерти коишто ќе почнат да разговараат за ова. Тоа е договорено. Можно е министерот Коѕиас да има план ова да го...

Шефот на црногорската дипломатија, Срѓан Дармановиќ утре во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи. Покрај средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, Дармановиќ ќе биде примен од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот, Зоран Заев. „Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети...

Напролет Македонија ќе биде домаќин на првиот регионален дигитален самит

Македонија ќе биде прва земја домаќин на регионален дигитален самит, кој во рамки на Берлинскиот процес ќе се одржи следната пролет, во април или во мај, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Манчевски рече дека при подготовката на концептот за самитот, биле вклучени бизнис-секторот, универзитетите и граѓанските организации. - Дигиталниот самит ќе трае два дена и ќе...

Димитров: Наскоро ќе се сретнат преговарачките тимови на Македонија и на Грција

Овој месец ќе има средба на ниво на преговарачките тимови и во оваа прва фаза нема да има посета на посредникот Метју Нимиц на регионот, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На прашањето како ја коментира изјавата на заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Ји, кој оцени дека расположението за решавање на спорот за името е досега на највисоко ниво,...

Ратификуван Договорот од Париз за намалување на климатските промени

Собранието денеска на 12. седница, без поголема дебата и пријавени за збор, ги ратификуваше Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина и Договорот од Париз за глобалните напори за намалување на климатски промени. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, рече дека процесот на пристапување во Европската Унија се темели на стратешкиот...

Димитров: Пукнатините на неизвесност мора да бидат пополнети со европска перспектива

„Пукнатините на неизвесност мора да бидат пополнети со веродостојна и динамична европска перспектива. Затоа мора да напредуваме кон европската иднина, поучени од грешките од минатото“, рекол министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на средбата со министерот за надворeшни работи на Република Естонија, Свен Миксер, во Талин, соопшти Mинистерството за надворешни работи. При денешната посета на Естонија, со која ја почна регионалната...

Димитров во четиридневна работна посета на балтичките земји

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, од денеска е во четиридневна посета на балтичките земји. Како што соопштија од МНР, Димитров регионалната турнеја ќе ја почне во Естонија, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, ќе ја продолжи во Латвија, а ќе ја заврши со работна посета на Литванија. Во рамките на посетата, министерот на своите балтички колеги ќе...

Земјите од Западен Балкан ќе бараат да не се воведуваат дозволи за патување во ЕУ

Македонија внимателно го следи развојот на настаните со иницијативата на Европската комисија, граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза за влез во Европската Унија, од 2020 година да аплицираат за дозвола за патување пред да пристигнат во ЕУ, соопшти денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по средбата со шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли. Прашан...

Македонија нема да има клучна улога при приемот на Косово во УНЕСКО, рече Димитров

Косово очекува поддршка од Македонија за влез во меѓународните институции, изјави денеска во Скопје косовскиот министер за надворешни работи, Беџат Пацоли, на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Тој истакна дека Македонија има поголема историја и искуство во меѓународните организации, поради што ја очекува поддршката, но додаде дека и Косово ги поддржува напорите за влез на Македонија...

Шефот на косовската дипломатија утре во официјална посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, утре ќе претстојува во еднодневна посета на Македонија, соопшти македонското министерство за надворешни работи. Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, Пацоли ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, и од премиерот, Зоран Заев. Се очекува на средбите да бидат разменети мислења за прашања од заеднички...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...