Димитров: Наскоро ќе се сретнат преговарачките тимови на Македонија и на Грција

-

Овој месец ќе има средба на ниво на преговарачките тимови и во оваа прва фаза нема да има посета на посредникот Метју Нимиц на регионот, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На прашањето како ја коментира изјавата на заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Ји, кој оцени дека расположението за решавање на спорот за името е досега на највисоко ниво, Димитров рече дека „покрај убави зборови, тој повеќе би сакал да има конструктивни ставови“.

– Факт е дека процесот беше во застој подолго време, бидејќи освен спорот за името постојат и други пречки во процесот на евроинтеграциите. Сега постојат сериозни напори земјата да ги отстрани тие пречки. Со новата политичка состојба, постои политичка волја и оптимизам тие да се надминат – рече Димитров.

Шефот на македонската дипломатија нагласи дека многу е поважно што се прави, отколку што се најавува. Тој рече дека во Солун, за време на средбата на шефовите на дипломатии на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија, имал билатерална средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никоа Коѕиас, и дека договориле соработка на ниво на невладини организации, универзитети и на академици.

– Нашата политика е да им одземаме аргументи и причини на тие што би сакале блокадата на нашиот евроатлански пат да остане. Претходната надворешна политика даваше аргументи, а ние сме заинтересирани не само да не даваме аргументи, туку и да одземаме – додаде Димитров.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...