fbpx

Шефот на унгарската дипломатија, Сијарто утре во посета на Македонија

-

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Како што соопштија од МНР, тие ќе разговараат за билатералните односи, европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Исто така, ќе бидат разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања.

Димитров и Сијарто исто така ќе потпишат Акциски план за соработка на министерствата на двете земји во текот на 2018 година, кој предвидува конкретни форми и активности.

За време на посетата на Македонија, Сијарто ќе има средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со премиерот, Зоран Заев, како и со вицепремиерите Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...