fbpx

Димитров до дипломатскиот кор: Очекуваме безусловна препорака за преговори напролет

-

Членството во Европската Унија останува клучен приоритет на нашата надворешна политика. Искрено се надеваме дека нашата политичка волја и реформска ориентираност, заедно со поддршката на нашите пријатели и партнери, ќе ни донесе безусловна препорака за почеток на пристапните преговори, следната пролет, истакнал министерот за надворешни работи, Никола Димитров во своето обраќање на традиционалниот Новогодишен и Божиќен прием за дипломатскиот кор во Република Македонија.

Во своето обраќање, шефот на македонската дипломатија се осврнал на клучните настани и надворешно политички активности во изминатата 2017 година, како во земјата, така и во регионот и пошироко, соопштија од Министерството.

Тој ја нагласил детерминираноста на Република Македонија за евроатлантска интеграција, но и за поголем придонес на мултилатерален план „на кој Македонија прави значајни чекори преку неодамнешната ратификација на Парискиот климатски договор и онаа на Советот на Европа (Истанбулската конвенција за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство), чие ратификување се очекува наскоро“.

Димитров им ги честитал новогодишните празници на присутните, потсетувајќи ги дека „во овие празнични денови, покрај подароците и убавите желби, на своите пријатели и најблиски надвор од земјава да им ја подарат и приказната за земјата која успеа од криза да создаде можност“.

На приемот, свое обраќање имал и „доајенот на дипломатскиот кор во Република Македонија“, амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак. Тој во име на сите членови на дипломатскиот кор му се заблагодарил на Димитров за организираниот прием, за честитките за новогодишните празници и ја истакнал добрата и продуктивна атмосфера во соработката на дипломатскиот кор со Министерството за надворешни работи и со сите други државни институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...