fbpx
Таг: НБРСМ

таг: НБРСМ

НБРСМ: Ковид пандемијата ги зголеми плаќањата преку интернет за пет пати во однос на лани

Поради влијанието на пандемијата со ковид-19, кај граѓаните се сменија и навиките за начинот на плаќањата. Така, кај плаќањата со платежни картички во трговијата во земјата во третиот квартал од 2020 година има значителен годишен раст, и кај бројот, и кај вредноста на остварените трансакции, од 41 отсто и 42 отсто, соодветно. Притоа, забележлив е висок годишен раст на...

ММФ оцени дека банкарскиот систем е добро капитализиран и профитабилен

Народната банка на Северна Македонија, НБРСМ, треба да презема навремени супервизорски активности за да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем и поради тоа е од суштинска важност да се зачува нејзината независност. Тоа ќе ѝ овозможи на централната банка и понатаму да ги остварува своите задачи за одржување на ценовната стабилност и за заштита на финансиската стабилност, кои што...

Народната банка во иднина полесно ќе открива фалсификувани евра

Европската централна банка (ЕЦБ) и Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) склучија договор за соработка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со тоа, како што соопштија од НБРСМ, се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на ЕК за следење на мерките на Европскиот систем на централни банки. Договорот го потпишаа гувернерката...

ММФ вели НБРСМ правилно постапила со Еуростандард банка, опозицијата бара надзорна расправа во Собрание

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, ММФ, Антони Де Ланој, член на Извршниот одбор на ММФ, задолжен за Северна Македонија, оцени дека Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) постапила правилно во врска со одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка и ставањето во стечај. Тој тоа го истакнал на состанокот со тимовите на НБРСМ и Министерството за финансии,...

Ковид кризата ги истенчи дознаките, работниците во странство испраќаат сè помалку пари дома

Губењето на работните места и намалувањето на платите како резултат на економската криза што ја предизвика пандемијата на корона вирусот на глобално ниво, предизвика намалување на дознаките од странство, пари кои иселениците ги праќаат на своите семејства. Со парите кои на своите семејства им ги испраќаат работниците во странство, државата, главно го „покрива“ трговскиот дефицит во размената со странство. Во...

Странски инвестиции од 137 милиони евра во првите три месеци од годинава

Во текот на првото тримесечје од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во нашата земја изнесуваат 137,3 милиони евра, што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога странските инвеститори вложиле 48,5 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Забележително е дека од вкупните инвестиции во првите три месеци од годинава дури 108 милиони евра се реализирани...

НБРМ: За една година за 29 отсто зголемен процентот на купувања преку интернет

Минатата година продолжи интензивниот раст на плаќањата во трговијата со платежни картички и зголемувањето изнесува 20,7 отсто, во споредба со 2018 година. Воедно, зголемен е бројот на трансакции на физичките места на продажба, за 20,4 отсто, но уште повеќе растеле плаќањата со картички на интернет, за 29 отсто повеќе во однос на 2018 година. Процентот на граѓаните кои купуваат преку...

Американскиот долар е најомилена странска валута на македонските фалсификатори

Експертизите на доставените сомнителни книжни и ковани пари во текот на минатата година откриле фалсификувани денари, американски долари и евра, покажува најновиот извештај на Народната банка. Од вкупно 1.031 направена анализа на странски валути се утврдени 919 фалсификувани пари и 112 оригинални пари. Во вкупниот број фалсификувани книжни девизи, најзастапени се американските долари (731 парче) и еврата (149 парчиња). Забележително...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...