fbpx
Таг: НБРСМ

таг: НБРСМ

Митреска: Одредени ценовни притисоци се забележуваат и во македонската економија

 „Исто како и во еврозоната, и во земјите од регионот, одредени ценовни притисоци се забележуваат и во македонската економиј“, посочи Ана Митреска, вицегувернерка на НБРСМ, на панел- дискусија организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“. „Засега, слично како и другите централни банки, овие глобални движења ги оценуваме како привремени, поттикнати од растот на цените на примарните производи и...

Анализа на „Порталб.мк“: Граѓаните се „вратија“ на кредитите – само станбените кредити со раст од 14,7 проценти

Расте депозитната база во банките, расте и кредитирањето. Сумирани се податоците за првото банкарско полугодие – и штедењето и кредитите на историски највисоко ниво. Депозитите во јуни, на годишно ниво бележат раст од 6,8 проценти, а кредитите се со раст од 5,1 проценти, пишува „Порталб.мк“. Интересно е дека „јазот“ помеѓу депозитите и кредитите се зголеми за повеќе од една милијарда...

НБРСМ: Лани плаќањето со платежни картички достигна 56,2 отсто во вкупните плаќања

Пандемијата со ковид-19 ги забрза процесите на дигитализација на плаќањата, особено електронското иницирање на кредитните трансфери и користењето на електронската трговија. Вкупниот број плаќања извршени во 2020 година забележа годишен раст од 10,2 отсто, при зголемување од 15,6 отсто на плаќања извршени со платежни картички. Ваквите движења придонесоа за натамошен раст на учеството на платежните картички, кое достигна 56,2...

Народна банка: Надворешниот долг на земјава се намалил за 95 милиони евра

На крајот на првиот квартал од 2021 година, нето надворешниот долг изнесува 3.297 милиони евра (или 28,4 отсто од БДП), што претставува квартално намалување за 95 милиони евра, објави Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) во редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. НБРСМ посочува дека, од аспект на структурата, и понатаму...

Младите истражувачи поканети да учествуваат со свој труд на Годишната награда на Народната банка

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за  најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2022 година, информираат од НБРСМ. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. Право за учество...

Ангеловска-Бежоска: Жените имаат недоволен пристап до финансиите, централните банки треба да ја сменат регулативата

Жените треба да имаат поголем пристап до финансиите што може да донесе голем број економски придобивки за целото општество. За жал, студиите на глобално ниво, како што е Анкетата на ММФ за финансискиот пристап, укажуваат на голем јаз меѓу половите. Ова е сложен феномен што треба да се реши на холистички начин, со политики што се вон работата на...

НБРСМ: „Зелените кредити“ кај повеќето банки имаат учество до 10 отсто од вкупното кредитно портфолио

Повеќе од половина од домашните банки имаат преземено активности за одобрување „зелени кредити“ на домаќинствата и на корпоративниот сектор, при што дел од нив имаат развиено и систем за идентификување еколошки одржливи проекти, соопштуваат од Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ). Ова го покажуваат резултатите од Анкетата за согледувањата на банките за деловните активности и ризиците од работењето во...

НБРСМ: Домашната инфлација ќе зависи од увозните цени, но не се очекуваат големи ценовни притисоци

Ана Митреска, вицегувернер фото: НБРСМ
Висината на инфлацијата во македонската економија, како и кај повеќето земји од регионот, ќе зависи од промените на увозните цени. Тоа се глобални фактори коишто се оценети како привремени. А, иако се можни преносни ефекти, поголеми ценовни притисоци не се очекуваат. Оттука, како и со оглед на оценките за отсуство на притисоци од побарувачката, нема потреба од промени во...

Доделена годишната награда на Народната банка за млади истражувачи за 2021 година

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2020 година. Нејзин добитник е Рејхан Сулејман, за трудот „Влијанието на претприемaштвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден Исток и Северна Африка): со осврт на Северна Македонија“. „Трудот на Сулејман беше оценет со...

АНАЛИЗА: Инфлацијата се „подгрева“ – можно поскапување на увозните производи!

Килограм шеќер 44 денари, литар масло за јадење 95 денари. Цените на основните прехранбени производи растат од почетокот на оваа година. На крајот од кварталот, Државниот завод за статистика и официјално потврди дека трошоците на живот во март во споредба со истиот месец лани се зголемени за 2,1 отсто, пишува Порталб.мк. Дел од трговците со увозна стока – пластика,...

АНАЛИЗА: „Незапирливо“ се топат каматите за штедење – најниско ниво изминатата деценија!

Продолжува трендот на намалување на каматите за штедење – просечната камата на вкупните депозити се спушти на ниво од 0,92 отсто. Депозитното портфолио на банките е во пораст – но каматите се намалуваат, пишува „Порталб.мк“. Пад и на каматите и на кредитите. Со почетокот на оваа година и депозитната база и кредитната изложеност достигнаа највисоки вредности, со што вкупните депозити...

Просечната камата на депозитите на домаќинствата падна на 0,88 отсто

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, изнесува 0,88 отсто и е минимално намалена за 0,01 процентни поени на месечно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Притоа, промената се должи на пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,01 процентни поени, соодветно), во услови на непроменета каматна стапка...

НБРСМ: Силен раст на електронската трговија и плаќањата на граѓаните на интернет на крајот од 2020 година

Плаќањата со платежни картички од страна на граѓаните во трговијата во земјата, во четвртиот квартал од 2020 година, забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 34 отсто и 29 отсто, соодветно, информираат од Народната банка на РСМ. „Високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните во трговијата е пред сè резултат на исклучителниот пораст...

Поради пандемијата дознаките од странство сè почесто се праќаат електронски

Ана Митреска, вицегувернер фото: НБРСМ
Ковид кризата ги измени и навиките кај дознаките од странство. Ако до пред една година, иселениците кои  работат надвор од земјава на своите семејства најчесто им испраќаа девизи во кеш, во услови на пандемија, тоа го прават во најголем дел, по електронски пат. Според Народната банка на Република Северна Македонија, НБРСМ, минатата година дознаките пратени преку формалните канали, банките и...

Порталб: Каматите за штедење се намалија на еден процент, депозитите на историско ниво од 7,1 милијарда евра [инфографик]

За штедните влогови на граѓаните и на фирмите, банките пресметуваат камати пониски од еден отсто. Завршницата на 2020 ја одбележа значаен пад на каматите за депозитите. Дали ваквиот тренд го дестимулира штедењето? Податоците покажуваат дека вредноста на депозитната база расте и покрај падот на каматите пишува Порталб.мк. На крајот од декември 2020 година, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала...

Намалена побарувачката за кредити од граѓаните и компаниите

Сè помалку граѓани и компании бараат кредити од македонските банки, покажуваат податоците од новата анкета за кредитна активност на Народната банка. Во четвртиот квартал на 2020 година, банките укажуваат на натамошно нето намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, слично како во претходната анкета. „Имено, околу 51 отсто од банките укажуваат на намалување на кредитната побарувачката, додека околу 39...

НБРМ: Вакцинацијата за заштита од ковид-19 влева оптимизам, но сè уште постојат економски ризици

Здравствената криза имала поумерени негативни ефекти врз економската активност во последниот квартал во 2020 година во однос на претходниот и движењата во домашната економија се поповолни, покажуваат најновите макроекономски показатели на Народна банка. „Стапката на инфлација во домашната економија во 2020 година се задржа на ниско и стабилно ниво од 1,2 проценти што е речиси во целост согласно со нашите...

Одложена отплата на половина од вкупните кредити на населението во третиот квартал од 2020

Во третиот квартал од 2020 година, кредитите со одобрен грејс-период согласно со регулаторните измени заради ковид-19 зафаќаат 43,9 отсто од вкупните редовни кредити на нефинансискиот сектор (46 отсто на 30.6.2020 година), покажува новиот извештај на Народната банка за ризиците во банкарскиот сектор. Од аспект на структурата, близу две третини од овие кредити отпаѓаат на физичките лица, а остатокот на...

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје во третиот квартал

Во третиот квартал на 2020 година, цените на становите забележаа годишен раст од 2,7 отсто, што претставува мало забрзување во споредба со претходниот квартал, соопшти Народната банка во новиот квартален извештај. „Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во вториот квартал од 2020 година, а кај издадените одобренија за изградба на станбени згради се забележува намалување...

НБРСМ: Ковид пандемијата ги зголеми плаќањата преку интернет за пет пати во однос на лани

Поради влијанието на пандемијата со ковид-19, кај граѓаните се сменија и навиките за начинот на плаќањата. Така, кај плаќањата со платежни картички во трговијата во земјата во третиот квартал од 2020 година има значителен годишен раст, и кај бројот, и кај вредноста на остварените трансакции, од 41 отсто и 42 отсто, соодветно. Притоа, забележлив е висок годишен раст на...

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...