Народната банка во иднина полесно ќе открива фалсификувани евра

-

Европската централна банка (ЕЦБ) и Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) склучија договор за соработка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со тоа, како што соопштија од НБРСМ, се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на ЕК за следење на мерките на Европскиот систем на централни банки.

Договорот го потпишаа гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Според него се предвидува, ЕЦБ на барање на НБРСМ, да обезбедува технички информации за оригиналните банкноти во евра, како и информации поврзани со фалсификуваните банкноти во евра.

„Врз основа на овие информации, НБРСМ ќе може полесно да ги класифицира регистрираните фалсификати на територијата на нашата земја. А, истовремено, предвидено е да испраќа и редовни месечни извештаи до ЕЦБ, со кои ќе известува за сите регистрирани фалсификувани евра откриени во нашата земја. Со тоа се создава простор нашата Централна банка да ја потврди, не само својата определба, туку и својата подготвеност да биде конструктивен член на европското централно-банкарско семејство“, соопштија од НБРСМ.

Инаку, лани НБРСМ склучи и договор со ЕК за соработка во сферата на заштитата на кованите евра од фалсификување, а со новиот договор, се заокружува рамката на соработката во однос на заштитата на еврото.

„Истовремено, НБРСМ засилено работи и на унапредување и усогласување на правната рамка и методологијата на системот за борба против фалсификувањето на еврото“, сооопштија од Банката.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...