fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Поддршка за побрза интеграција на Македонија во НАТО на форумот во Будва

Македонија треба што поскоро да се интегрира во евроатланските структури, истакнаа хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор на вториот ден од форумот „Да се биде безбеден“ на претседателската панел-дискусија „Претседателски разговори: Споделување безбедност - споделување одговорност“. Пахор побарал политиката на Европа кон Западен Балкан да биде стратегиска, а не техничка. Притоа истакнал дека земјите од регионот припаѓаат на Европа...

САД ја предупредија Русија дека ќе ги бранат своите сојузници

Американскиот министер за одбрана, Еш Картер, изјави дека НАТО ќе ги брани своите сојузници од „руска агресија“, но оти не сака од Русија да направи непријател. Картер, за време на именувањето на новиот шеф на европската команда на НАТО, истакна дека „вратата на Северноатлантската алијанса ќе биде и понатаму отворена кон Русија“ кога станува збор за прашања што претставуваат глобални безбедносни...

„Катимерини“: Нема покана за членство во НАТО за Македонија во Варшава

Се смирува грчката вознемиреност дека Македонија може да добие покана за членство во НАТО на јулскиот самит на Алијансата во Варшава. Весникот „Катимерини“ пренесува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас добил уверување од меѓународните партнери дека во јули на новиот самит нема воопшто да се разговара на темата за членството на Македонија во НАТО. Причината за тоа Македонија и оваа година да помине...

НАТО ќе распореди уште 4.000 војници на границата со Русија

Западните сојузници се подготвуваат да распоредат четири баталјони, со околу 4.000 војници, во Полска и во балтичките земји во рамките на мерките на НАТО за зајакнување на границата со Русија. Распоредувањето е поради интензивираната воена активност на Русија, изјавија вчера официјални претставници за „Волстит џурнл“. Најверојатно, два баталјона ќе бидат од САД, а по еден од Германија и од Велика Британија. Американскиот...

Лавров: Ако Шведска влезе во НАТО, Русија ќе преземе мерки

Москва ќе ја почитува евентуалната одлука на Шведска за приклучување во НАТО, но ќе преземе мерки како одговор на военото приближување на Алијансата до руските граници, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Тој во интервју за весникот „Дагенс најхетер“ објасни дека мерките се неопходни со оглед на тоа што НАТО е воено-политичка организација која гледа на Русија како на...

Штајнмаер: Сè поголемата нестабилност ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО

Се надевам дека политичките партии во Македонија разбираат дека сè поголемата нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и кон НАТО многу тежок, вели шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. Пораката на Штајнмаер до партиите во земјава што го потпишаа Договорот од Пржино за излез од кризата, попладнево ја објави германското министерство за надворешни работи на својот твитер-профил. FM...

Даниел Митов: Македонија мора да ги исполни реформите договорени со ЕУ

Бугарија апелира македонските политичари да постигнат договор и да спроведат регуларни избори за да се надмине политичката криза и Македонија да може да продолжи непречено на нејзиниот пат кон Европската Унија и кон НАТО. Ова го порача бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов, во интервју за „Мета“. Митов вели дека Бугарија продолжува да ја поддржува Македонија за членство во ЕУ, меѓутоа...

Даглас Лут: Нема да има проширување на НАТО во блиска иднина

Американскиот амбасадор во НАТО, Даглас Лут, смета дека нема простор за проширување на НАТО во блиска иднина поради страв дека тоа би ја дестабилизирало Русија, пренесува „Ројтерс“. Оваа агенција наведува дека такво нешто би можело да ја разочара Грузија и голем дел од балканските држави, потсетувајќи дека во декември минатата година Црна Гора добила покана за членство. На безбедносен форум во Лондон, тој...

Столтенберг: Намален е бројот на бегалци што го преминуваат Егејско Море

Бројот на бегалци и на мигранти што го минуваат Егејско Море од Турција во Европа е значајно опаднат, благодарение на заедничките напори во решавање на мигрантската криза, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи во Анкара, Столтенберг рече дека властите мора и понатаму да се прилагодуваат затоа што криумчарите на луѓе можат во секој...

Столтенберг: Потврдени разликите меѓу НАТО и Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска, по состанокот на Советот НАТО - Русија, изјави дека двете страни одржале „искрен и сериозен разговор“, без разлика на „длабоките несогласувања“. По состанокот, кој се одржува по двегодишна пауза, Столтенберг рече дека се потврдени разликите во ставовите и одговорноста во и околу украинската криза. - Русија ги опишува случувањата во Украина како граѓанска војна,...

НАТО и Русија го обновуваат дијалогот

НАТО и Русија, чии односи се заладени поради украинската криза, денеска го обновуваат дијалогот иако тензиите меѓу Брисел и Москва и понатаму се силни. Дваесет и осум амбасадори на земјите членки на НАТО и амбасадорот на Русија ќе се состанат попладнево во седиштето на Сојузот во Брисел, првпат во форматот Совет НАТО - Русија од јуни 2014 година. За да го...

Бакојани: Грција ќе се најде под голем притисок на Самитот на НАТО

Поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани, предупреди дека Грција ја чекаат сериозни притисоци околу приемот на Македонија во НАТО на следниот Самит на Алијансата во Варшава. Бакојани апелираше грчкото министерство за надворешни работи да почне сериозно да се подготвува, коментирајќи дека Македонија има засилена улога благодарение на бегалската криза, а актуелната грчка влада ја нема истата поддршка што ја имала...

Столтенберг: Русија и Исламска држава се главни предизвици за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека Русија и Исламска држава се „двата главни, меѓутоа различни предизвици со кои се соочува НАТО на истокот и на југот“. Тој рече дека главната причина за неговата посета на Вашингтон се разговорите за претстојниот самит на Алијансата во Варшава, каде ќе стане збор за зајакнува на одговорот кон Русија, која е „одговорна...

Бејли: Поддршката за членството во НАТО зависи од спроведувањето на Договорот од Пржино

„САД силно го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и фрустрирани сме поради фактот што овој процес не е забрзан. Тоа е назавршена работа во долгогодишните напори со нашите сојузници и партнери за една целосна, слободна и мирна Европа“, истакна амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на одбележување на Денот на НАТО, организиран од Евроатлантскиот совет на Македонија и...

Бугарија се подготвува да подигне „мала ограда“ на границата со Грција

Бугарија е подготвена да постави „мала ограда“ на границата со Грција доколку поголема група мигранти се обиде да влезе во земјата, изјави денеска бугарскиот премеир Бојко Борисов. Борисов во парламентот рекол дека проблемот со бегалците во Бугарија доаѓа од Грција. - Грчката влада веќе неколку месеци не презема мерки, а распоредувањето бродови на НАТО во Егејското Море исто така не дава резултати...

Бајден жали поради цивилните жртви при НАТО-бомбардирањата во 90-тите

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во телефонскиот разговор со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изразил жалење поради цивилните жртви за време на акцијата на НАТО во 1999 година, како и војните во текот на 90-те години, објавено е на интернет-страницата на Белата куќа. Бајден и Вучиќ вчера телефонски разговарале, на денот кога Србија обележа 17 години од почетокот на бомбардирањето...

Зголемен степенот на готовност во седиштето на НАТО

Седиштето на НАТО во Монс, оддалечено 65 километри од Брисел, е на висок степен на готовност поради денешните терористички напади во главниот град на Белгија. Во нападите на аеродромот и на метро-станиците во близина на седиштето на ЕУ, загинаа 34, а ранети се 230 лица, од кои десетина се во критична состојба. - Сите застанавме со нашиот сојузник Белгија на овој...

Столтенберг: НАТО распореди пет бродови во Егејско Море поради мигрантската криза

Северноатлантската алијанса (НАТО) во моментов има распоредено пет бродови кои учествуваат во мисијата во Егејско Море чија цел е да се спречи шверцот на мигранти од Турција во Грција, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На заедничка прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, Столтенберг изјави дека НАТО ќе продолжи со разместување на свои сили во Егејско Море откако...

Еден загинат при судир на тенк и на автомобил во Норвешка

Едно лице загина во судир на тенк и на автомобил на селски пат во централниот дел на Норвешка, за време на големите воени вежби на НАТО, соопштија норвешката полиција и војската. Несреќата се случила во северниот дел на округот Тренделаг, каде во моментов се одвива воена вежба на НАТО и на земјите партнери, во која учествуваат 15.000 војници. Полковник на норвешката...

Груевски и Хојт Ји разговарале за политичката состојба, надминување на кризата и за бегалците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји. На средбата се зборувало за актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза, како и за глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза. Како што пишува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека неговата партија е...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...