fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Бугарија и НАТО ќе потпишат меморандум за сајбер-безбедност

За време на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, кој се одржа во Брисел, бугарскиот министер за одбрана, Николај Ненчев, ќе потпише меморандум за сајбер-безбедноста помеѓу Бугарија и НАТО. Документот се однесува на приоритетот за градење заштита на националните мрежи од сајбер-напади. Главната цел на договорот е да се креира механизам за соработка со НАТО, како и да...

НАТО најавува три баталјони на истокот за борба против ИД

Од почетокот на следната година, на теренот на источните членки на НАТО ќе бидат оперативни три меѓународни баталјони на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на сојузот. Најавено е дека НАТО, за да ѝ помогне на коалицијата што се бори против Исламска држава, ќе испрати авиони „авакс“, кои ќе бидат поддршка на...

НАТО нема да учествува во борбите против ИД

НАТО нема да учествува во борбените операции во Сирија и во Ирак, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг. - Веќе почнавме да обучуваме ирачки офицери во Јордан, наскоро ќе почнеме со обуки и во Ирак, а почнуваме и со поддршка на меѓународните коалициски сили во борбата против Исламска држава, со извиднички авиони од типот „авакс“- рече Столтенберг. Говорејќи...

Попоски на неформален министерски состанок во Братислава

Никола Попоски, заменик-претседател на владата и министер за надворешни работи, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и наземјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа на 2 и на 3 септември 2016 година во Братислава. Од Министерството за надворешни работи информираат дека на состанокот се дискутирало за борбата против тероризмот и...

НАТО: Русија изведува воени вежби без најава

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу, изјави дека Русија изведува ненајавени воени вежби со што дополнително ги затегнува односите со Алијансата. Вершбоу во Букурешт изјави дека Русија организира големи маневри без најава, со сè поголема фреквенција, наведувајќи дека имало десетина такви во претходните две години. Тој додаде дека НАТО сака да развие поголем обврзувчки режим кој би ја зголемил...

НАТО-форум за безбедност во Охрид

Во организација на Маршал-центарот за Република Македонија, од денеска до 30 август, во охридскиот хотел „Гранит“, се одржува Форум за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: Импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“. Форумот се одржува четврта година по ред, во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Германија и...

Бајден изрази сочувство за загинатите во НАТО бомбардирањата во Србија

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска во Белград им изрази сочувство на сите семејства на загинатите во НАТО бомбардирањата. - САД и Србија, секако не се согласуваат околу сите прашања, има многу лузни и рани кои постојат уште од 90-те години, но се надевам дека ќе преземеме чекори и тоа ќе го направат други, нови генерации, а целиот регион ќе забележи...

Чарлс Купчан „ги преслуша“ лидерите на четирите политички партии

Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска во одвоени средби се сретнаа со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД. На средбите се разговарало за излез од политичката криза, политичките предизвици со кои се соочува државата, евроатланските интеграции и членството на Македонија во НАТО. Од владејачката...

Талибанците напредуваат на северот на Авганистан

Талибанците, кои се обидуваат да ги потиснат НАТО силите од Авганистан, после неколку дневни борби освоија клучна област во северната провинција Багхлан. Борбите ескалираа во Авганистан, откако талибанските бунтовници од своите упоришта на југот и на истокот на земјата тргнаа во офанзива во мирниот северен дел. Иако имаат поддршка од американските и авганистанските воздушни сили, владините трупи, според полициски претставник во...

Јолевски: Регионот има клучна улога во европската стабилност

За Република Македонија е значајно зачленувањето во НАТО, а поддршката од САД за влез во Алијансата е потребна повеќе од кога било, истакнал министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбата со американскиот заменик помошник на секретарот за одбрана, Мајкл Карпентер, во Пентагон. Јолевски, како што соопштија од неговиот кабинет, побарал и поголема поддршка од официјалните претставници на САД за стратегиските...

Масовни антиамерикански протести кај НАТО-базата Инџирлик во Турција

Илјадници лица протестираат во близина на воената база Инџирлик во Адена, Турција, каде се сместени американските и НАТО-силите. Демонстрантите, како што јавуваат светските медиуми, извикуваат антиамерикански и антиизраелски слогани и бараат властите да ја затворат базата. Турските власти распоредиле специјални полициски сили за да го блокираат влезот на базата. https://twitter.com/metesohtaoglu/status/758699080231059456 Американските претставници ги информираа граѓаните на САД дека конзулатот ќе биде затворен...

Mej: Британија со Брексит не ја напушта Европа

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Братислава изјави дека Велика Британија со Брексит не ја напушта Европа. - Остануваме во НАТО. Велика Британија и понатаму ќе стои до своите сојузници на источното крило на НАТО. Неодамна одобривме засилување на британската армија за источното крило и редовно ќе праќаме наши војници на вежбите во Словачка и кај другите сојузници – рече...

Јолевски и Џонс разговараа за придонесот на Македонија во НАТО-мисијата „Одлучна поддршка“

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, оствари средба со генералот Џим Џонс, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Обама и командант за Европа на Алијансата. На средбата, како што наведуваат од Министерството за одбрана (МО), биле разменети мислења за глобалната безбедносна ситуација, за кризните жаришта на Блискиот Исток, како и за безбедносните...

Пожар во близина на НАТО-базата во Измир

Пожар синоќа изби во близина на базата на НАТО, а поради силниот ветар бргу се прошири до воената база. Турските власти поведоа истрага, која треба да утврди кои се причините за пожарот и дали евентуално станува збор за саботажа. Според последните информации, пожарот се заканува на неколку населени места, а веќе зафатил и дом за стари лица. Турските противпожарни сили и војниците...

Кери: Пучот во Турција може да го загрози членството на земјата во НАТО

Турција би можела да „падне“ на барањето на НАТО да се почитува демократија ако не успее да го одржи владеењето на правото по обидот за државен удар, предупреди државниот секретар на САД, Џон Кери. Кери на заедничка прес-конференција со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека НАТО ќе ја набљудува Турција во наредните...

САД особено ја ценат врската со Турција

САД особено ја ценат врската со својот НАТО-сојузник, Турција и ги повикуваат сите страни да покажат воздржаност и да постапуваат во рамките на владеење на правото, по неуспешниот обид од државен удар во таа земја, соопшти Белата куќа. - САД силно ја поддржуваат демократски избраната влада на Турција и демократските институции на таа земја – изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест,...

Турската полиција врши претрес во базата на НАТО, Инџирлик

Во тек е рација на турската полиција и на обвинителите во Инџирлик, воздушната база на НАТО близу градот Адан, во која се наоѓаат повеќе од 1.500 американски војници, јавуваат „Си-ен-ен Турк“ и агенцијата „Анадолија“. Оваа база два дена беше затворена, а наводно властите во тој период ја прекинале и струјата поради сомнеж дека одредени учесници во државниот удар против претседателот Реџеп...

Груевски до Нуланд: Опозицијата да се обврзе дека ќе учествува на изборите

Изборите се единствен излез од наметната политичка криза и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нив, но, за тие да се случат, потребно е опозицијата да се обврзе дека сите услови за нивно одржување се исполнети и дека ќе учествува на нив. Ова го истакнал лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, на денешната средба со помошникот државен секретар на САД за...

Обама го прекинува престојот во Европа за да го посети Далас

Американскиот претседател Барак Обама ќе го прекине својот престој во Европа за да го посети Далас, каде што пет полицајци беа убиени од снајперисти за време на демонстрациите на црнечката заедница против полициската бруталност. Од Белата куќа соопштија дека откако ќе заврши НАТО-самитот во Варшава, Обама требало да отпатува во Шпанија, но ќе ги прекине планираните активности за да допатува...

НАТО и ЕУ ќе ја прошируваат соработката во сферата на безбедноста

На првиот ден на НАТО-самитот во Варшава, членките на Алијансата усвоија одлука за зголемување на военото присуство во четири држави на Источна Европа. Се воведува дополнителен мултинационален баталјон во Романија, а членките одлучиле и заеднички да ја координираат одбраната од балистички ракети. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека дополнителните трупи на НАТО следната година ќе бидат распоредени во Летонија, Литванија, Естонија...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...