fbpx

Попоски на неформален министерски состанок во Братислава

-

Никола Попоски, заменик-претседател на владата и министер за надворешни работи, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и наземјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа на 2 и на 3 септември 2016 година во Братислава.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека на состанокот се дискутирало за борбата против тероризмот и радикализацијата, како и за поефикасно справување со предизвиците од мигрантската криза.

„Заедничката борба против тероризмот би дала многу подобри резултати ако се случува преку интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ и во НАТО“, рекол Попоски.

Впечаток од состанокот, според Попоски, е дека по подолго време, значаен дел од членките на ЕУ гледаат на балканските земји како на клуч за стабилност во Европа.

„Испративме заедничка порака од четирите кандидати дека на нашето членство не би требало да се гледа како на хоби или извор на проблеми, туку како на рецепт за обезбедување долгорочен мир во регионот“, изјавил Попоски по состанокот.

Првпат на состаноците од овој формат, земјите-кандидати од регионот, Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија, настапиле заеднички и презентирале заедничка позиција во однос на главните теми на дискусија.

За време на состанокот, Попоски остварил билатерални средби со министрите за надворешни работи на Унгарија, Австрија и на Германија, како и со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и со министерот за надворешни рабoти на Словачка Република, Мирослав Лајчак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...