Пожар синоќа изби во близина на базата на НАТО, а поради силниот ветар бргу се прошири до воената база.

Турските власти поведоа истрага, која треба да утврди кои се причините за пожарот и дали евентуално станува збор за саботажа.

Според последните информации, пожарот се заканува на неколку населени места, а веќе зафатил и дом за стари лица.

Турските противпожарни сили и војниците на НАТО се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој се шири кон магацин за оружје.