fbpx

Масовни антиамерикански протести кај НАТО-базата Инџирлик во Турција

-

Илјадници лица протестираат во близина на воената база Инџирлик во Адена, Турција, каде се сместени американските и НАТО-силите.

Демонстрантите, како што јавуваат светските медиуми, извикуваат антиамерикански и антиизраелски слогани и бараат властите да ја затворат базата. Турските власти распоредиле специјални полициски сили за да го блокираат влезот на базата.

Американските претставници ги информираа граѓаните на САД дека конзулатот ќе биде затворен за време на протестот.

Воената база изминатите десетина дена се најде во фокусот на турските медиуми поради поврзаност со неуспешниот воен удар во Турција. Турските обвинители и полицијата ја претресоа базата, а притоа беше уапсен командантот на воздухопловната база, генерал Бекир Ерцан Ван, како и десетици пониско рангирани воени претставници, сите обвинети за соучество во обидот за пуч.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...