За време на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, кој се одржа во Брисел, бугарскиот министер за одбрана, Николај Ненчев, ќе потпише меморандум за сајбер-безбедноста помеѓу Бугарија и НАТО.
Документот се однесува на приоритетот за градење заштита на националните мрежи од сајбер-напади. Главната цел на договорот е да се креира механизам за соработка со НАТО, како и да се обезбеди експертска и методолошка асистенција од НАТО доколку е потребно.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред состанокот рече дека треба се зајакне соработката со ЕУ за прашања како сајбер-безбедноста и хибридните закани.
– Гледаме како Русија поддржува одредени групи кои се обидуваат да влијаат на внатрешните политички дебати во неколку земји во Европа, но НАТО нема да се бори против пропаганда со пропаганда. Најдобриот одговор се фактите и отворените демократски дискусии. Во оваа област соработуваме со ЕУ за да размениме информации – рече генералниот секретар на НАТО.
САД, Канада, Германија и Велика Британија ќе ги презентираат деталите од состанокот за четирите баталјони кои ќе бидат испратени во Источна Европа како дел од санкциите против Русија.
– Исто така, ќе одлучиме и што е потребно за да се зајакне присуството на НАТО во Црното Море – додаде Столтенберг.