fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Заев – Борисов: Го активиравме моторот што ќе го повлече целиот регион напред

Заедничката седница на владите на Бугарија и на Македонија беше плодна, оцени денеска во Струмица премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со својот бугарски колега, Бојко Борисов. Тој рече дека со денешната седница е „активиран уште еден од моторите што треба да го повлечат напред целиот регион“. Заев истакна дека на седницата било разговарано за продлабочување на економската, како и на...

Хрватска ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, порача Грабар-Китаровиќ

Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и хравстаката претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска во Загреб ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји и поддршката од Хрватска за интеграција на Македонија во НАТО и во Европската Унија. - Имате сили, имате многу пријатели, имате искрена и безрезервна поддршка од Хрватска на вашиот евроатлантски пат - изјави Грабар-Китаровиќ на средбата. Министерката Шекеринска ги истакнала...

Шекеринска – Крстичевиќ: Македонија има безрезервна поддршка од Хрватска за членство во НАТО

Стабилен, безбеден и просперитетен регион е можен само доколку земјите аспиранти за членство во НАТО бидат целосно интегрирани во Алијансата, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во Загреб, на средба со нејзиниот хрватски колега, Дамир Крстичевиќ. Министрите заклучиле дека Македонија и на збор и на дело покажува дека членството во НАТО е нејзин врвен приоритет, а за тоа има...

Мета: Изборот на Албанец за претседател на Собранието ќе го зајакне соживотот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, истакнал дека го радува фактот што првпат претставник од албанската заедница во Република Македонија е претседател на Собранието и дека извршувањето на оваа висока и важна функција ќе биде само поттик за зајакнување на меѓуетничките односи и за соживотот во Република Македонија, соопштија од...

Да не си судиме едни на други за прашања од минатато, порача Мета по средбата со Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов и неговиот албански колега, Илир Мета, денеска во Скопје разговараа за билатералните односи меѓу двете земји, како и за европските и евроатлантските аспирации. - Почнавме заедно, но сега Албанија е членка на НАТО. Сега очекуваме Албанија да ја повлече Македонија во Алијансата – рече Иванов на заедничката прес-конференција, додавајќи дека Македонија е подготвена да го сподели своето...

Ердоган не го прифаќа извинувањето од НАТО

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го отфрли извинувањето од НАТО откако неговото име се појави на листата на непријатели за време на воена вежба во Норвешка. - Вчера видовте однесување полно со непочитување, за време на воената вежба на НАТО. Постојат грешки кои не ги прават будали, туку луѓе со низок морал. Тоа не може лесно да се заборави – изјави...

НАТО му се извини на Ердоган што го постави на листата на непријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му се извини на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, затоа што неговото име се најде на листата на непријатели за време на воена вежба. Ердоган повлече 40 војници од вежбата затоа што неговото име, но и името на Кемал Ататурк, се најдоа помеѓу непријателите и рече дека тоа „не е единство и не...

Жбогар: Ако се совпаднат визиите на Владата и на Јункер, ќе има добри резултати за Македонија

Доколку реформската визија на Владата и визијата на Европската Унија за Западен Балкан, што во февруари следната година треба да ја претстави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, се совпаднат, тогаш можеме да се надеваме да видиме добри резултати околу евроинтрегациите на Македонија, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар. - Тоа што генерално го споделуваме е оптимизам дека работите се одвиваат во правилна...

Османи побарал поддршка од Иванов за да се обезбеди консензус со опозицијата за името

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска имал средба со претседателот, Ѓорге Иванов, кого го информирал за посетата во Брисел со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и за пораките што ги добиле од министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата. Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека Османи му реферирал на Иванов и за реформските пакети на Владата од делот...

Марфи до Анѓушев: Интерес на САД е безбеден и стабилен Балкан интегриран во НАТО и ЕУ

На маргините на првиот ден од Трансатлантскиот економски форум, насловен како „Градење на мостови на Медитеранот“, кој се одржува во Вашингтон, вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, се сретнал со сенаторот Кристофер Марфи кого го запознал со реформските активности на Владата и ја истакнал силната посветеност кон што побрза евроатланска интеграција на земјата. - Владеењето на правото е предуслов...

Церар му понудил на Заев конкретна помош за евроатланската интеграција на Македонија

Премиерот Зоран Заев заедно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и државниот секретар на Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, одржаа билатерални и пленарна средба со своите колеги од Словенија предводени од премиерот Миро Церар. Заев истакнал дека исклучително...

Османи: Македонија целосно ќе ги поддржи евроатлантските аспирации на Косово

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и косовската министерка за европска интеграција Дурата Хоџа на денешната средба во Скопје ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, како и соработка во оваа насока меѓу двете земји. - Македонија и Косово ја имаат истата цел- пристапување во ЕУ. Верувам дека можеме да се поддржиме во процесот на...

Шекеринска во Брисел разговарала со помошниците на генералниот секретар на НАТО

Македонската министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на Брисел на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и земјите-учесници во мисијата „Одлучна поддршка“, во НАТО штабот во Брисел имала средби со помошник-генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалез и помошник-генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Хајнрих Браус. Како што...

Заев во ниту еден момент не ги доведе во врска заканите со атентат со Русија, велат од Владата

Изјавата на премиерот Зоран Заев за црногорискиот медиум се темели на искуствата од регионот и на реакциите на Руската Федерација при зачленувањето на други земји од регионот во НАТО, стои во соопштението на Владата по денешните реакции на Москва на изјавите на Заев за црногорското радио „Антена М“. „Во интервјуто за црногорскиот медиум, претседателот на Владата, Зоран Заев, во ниту...

Членството на Македонија во НАТО во фокусот на средбата на Иванов со Дармановиќ

Македонија и Црна Гора имаат идентични надворешно-политички цели и треба да се фокусираат на нивна реализација преку интензивна меѓусебна соработка на билатерален и регионален план, било заклучено на денешната средба меѓу македонскиот претседател, Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ кој е во официјална посета на земјава. Иванов посочил дека членството на Македонија во Европската...

Шекеринска на министерски состанок на земјите членки на НАТО во Брисел

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и на земјите – придонесувачи во мисијата „Одлучна поддршка“. Шекериска, како што информираат од Министерството, ќе учествува и на состанокот со министрите од земјите кои се...

Заев: Очекувам жестока реакција на Москва околу приемот во НАТО, но подготвен сум

Македонскиот премиер, Зоран Заев, во интервју за црногорското радио „Антена М“ вели дека очекува жестока реакција од Русија кога ќе дојде време за прием на Македонија во НАТО, но нагласува дека Северноатлантската алијанса и Европската Унија се единствена алтернатива за земјава. Заев, кој бил гостин во емисијата „Жива вистина“ на црногорското радио, изјавил дека е уверен оти Македонија ќе биде 30....

Заев: Сакаме ЕУ да носи похрабри одлуки, а ние со мудри одлуки да чекориме напред

„Сакаме ЕУ да носи похрабри одлуки. ЕУ треба да знае дека цел Западен Балкан треба да добие поддршка за секое поместување напред. И ние, како Македонија, треба да добиеме датум за преговори“, порача премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Македонската телевизија“. Тој потсети на фактот дека Македонија веќе 12 години чека препорака и изрази надеж дека датумот за преговори ќе...

Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум, тврди Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“, изјави дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро. Тој тврди и дека Македонија може да избегне референдум за ова прашање, благодарение на решение што би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и од другите стратешки точки кои досега Грција...

Русија ќе ѝ продаде на Турција ракетен систем вреден над две милијарди долари

Руската државна фабрика за оружје „Ростек“ потврдила дека договорот за продажба на ракетниот одбранбен систем С-400 на Турција надминува две милијарди американски долари, јавуваат руските државни медиуми, пренесува ХРТ. Американски воени претставници и политичари изразија загриженост поради намерата на Турција, која е членка на НАТО, да купи софистициран ракетен систем од Русија, како и поради сè посилните сигнали од Анкара...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...