fbpx

Да не си судиме едни на други за прашања од минатато, порача Мета по средбата со Иванов

-

Претседателот Ѓорге Иванов и неговиот албански колега, Илир Мета, денеска во Скопје разговараа за билатералните односи меѓу двете земји, како и за европските и евроатлантските аспирации.

– Почнавме заедно, но сега Албанија е членка на НАТО. Сега очекуваме Албанија да ја повлече Македонија во Алијансата – рече Иванов на заедничката прес-конференција, додавајќи дека Македонија е подготвена да го сподели своето досегашно искуство со Албанија за процесот на евроинтеграциите.

Иванов истакна дека на средбата се разговарало за состојбата во регионот, но и за билатералната соработка, која, како што рече, сè уште не е на задоволително ниво. Тој истакна дека е потребна поголема инфраструктурна поврзаност на двете земји.

Албанскиот претседател, Мета, цитирајќи мисла на Мајка Тереза, повика на поголема соработка, наместо на живеење во минатото.

– Односите меѓу соседите некогаш се поедноставни, но ние знаеме да ги искомплицираме. Тие се како односите меѓу луѓето. Како што претходно спомнав една мисла на Мајка Тереза, „Ако ги судиме луѓето бесконечно, нема да остане време да ги сакаме“. Ова важи и за заедничките односи. Затоа, подобро е да го трошиме времето на заедничка поддршка и сите да имаме придобивки од тоа, отколку да си судиме едни на други за прашања кои се поврзани со минатото. Сметам дека Македонија и Албанија можат да бидат пример за целиот регион – рече Мета.

Албанскиот претседател рече дека со нетрпение чекаат Македонија да го заземе своето заслужено место во НАТО и да оствари значителен напредок на патот кон ЕУ и затоа го поздравува дијалогот кој претставувал пречка на тој пат. Тој, исто така, додаде дека албанскиот фактор е ориентиран кон соживот и стабилност, како и кон интеграција во ЕУ и во НАТО.

– Македонија како членка на НАТО не е само успех за земјата, туку и за целиот регион – рече Мета, додавајќи дека тоа позитивно ќе се одрази на стабилноста.

Албанскиот претседател не сакаше да ги коментира случаите „Диво Насеље“ и „Монструм“, истакнувајќи дека очекува да бидат почитувани човековите права и да се применуваат европските стандарди.

На прашање дали на средбата било разговарано за Едмонд Темелко, кој има двојно државјанство, Мета рече дека на средбата изразил загриженост за здравствената состојба за албанскиот функционер, но истакна дека секој, вклучувајќи го и Темелко, мора да ги почитува законите на земјата чиешто државјанство поседува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...