fbpx

Заев: Сакаме ЕУ да носи похрабри одлуки, а ние со мудри одлуки да чекориме напред

-

„Сакаме ЕУ да носи похрабри одлуки. ЕУ треба да знае дека цел Западен Балкан треба да добие поддршка за секое поместување напред. И ние, како Македонија, треба да добиеме датум за преговори“, порача премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Македонската телевизија“.

Тој потсети на фактот дека Македонија веќе 12 години чека препорака и изрази надеж дека датумот за преговори ќе го добиеме следната година.

– Ние сè уште сме со условена препорака, но таа условеност е тргната, сите го знаеме тоа. Очекувам препорака за почеток на преговори во 2018 година. Среќен сум што работите се движат во добар правец, се надевам дека институциите ќе сработат. Мислам, пред сè, на парламентот, тој мора да покаже. Секако, да се издебатира до крај, но да се носат одлуките – рече Заев.

Според премиерот, Македонија треба да има соработка со Русија, но не смее да се заборава дека местото на земјава е единствено во НАТО

– Јасно е дека ќе бидеме 30. членка на НАТО. Јас сакам да продаваме сирење, домати во Русија, но нема дилема дека нашето место е во НАТО – рече тој.

На прашањето за преговорите за името, Заев порача дека е дојдено времето некои работи да се решат.

– Верувам дека до крајот на ноември ќе дојде Нимиц, доаѓа време за решавање на некои работи. Треба да решаваме заштитнички, но во функција на наоѓање решение, а не на блокирање. Имаме убав момент, со мудри, паметни политики да чекориме напред. Членството во НАТО е голема работа, тоа носи пари за граѓаните – рече премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...