fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум, тврди Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“, изјави дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро. Тој тврди и дека Македонија може да избегне референдум за ова прашање, благодарение на решение што би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и од другите стратешки точки кои досега Грција...

Русија ќе ѝ продаде на Турција ракетен систем вреден над две милијарди долари

Руската државна фабрика за оружје „Ростек“ потврдила дека договорот за продажба на ракетниот одбранбен систем С-400 на Турција надминува две милијарди американски долари, јавуваат руските државни медиуми, пренесува ХРТ. Американски воени претставници и политичари изразија загриженост поради намерата на Турција, која е членка на НАТО, да купи софистициран ракетен систем од Русија, како и поради сè посилните сигнали од Анкара...

Владите на Македонија и на Бугарија ќе имаат заедничка седница во Струмица

Македонија и Бугарија се пример за добрососедство и за соработка што ја зацврстува безбедноста на целиот регион и Бугарија недвосмислено ја поддржува Македонија на патот кон Европската Унија и кон НАТО и ќе помогне во остварувањето на стратешките цели на земјава. Ова било истакнато на средбите на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и со...

Груби – Станила: Следните месеци да се искористат за реформите, а не за нови избори

Следните месеци треба да се искористат за забрзување на реформите, а не да се размислува или да се зборува за предвремени избори затоа што време е за испорака на ветеното и на очекуваното од нашите партнери во Брисел и во Вашингтон, рекол претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Артан Груби, на денешната средба со амбасадорот на Романија во Македонија, Виорел...

НАТО и Русија и понатаму имаат сосема различни ставови за судирите во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека западниот воен сојуз и Русија и понатаму имаат сосема различни ставови околу судирите во Украина. Столтенберг го изјави ова по состанокот на амбасадорите на НАТО со рускиот претставник Александар Грушко во Брисел. Првиот човек на Алијансата го опиша состанокот меѓу Советот на НАТО и претставниците на Русија како искрена и отворена дискусија за Украина, Авганистан, за транспарентноста,...

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите на Исламска држава, пронашла толку многу оружје што ќе ѝ требаат шест дена за да го собере, соопшти бригадниот генерал на сириската војска, Хасан Сухаил, додавајќи дека поголем дел од оружјето потекнува од земји членки на НАТО. - Ќе ни требаат најмалку шест дена за...

Словачка за 10 години би можела да излезе од НАТО, тврди Чарногурски

Во следните 10 години, Словачка би можел да излезе од НАТО, изјави поранешниот словачки премиер, Јан Чарногурски. - Алијансата на ниту еден начин не ја чува нашата земја. Словачка со ниту една држава не е во судир, а членството во НАТО ја вовлекува Братислава во вештачко создавање конфликт со Русија. Затоа, голема е веројатноста во следните 10 години Словачка да...

Османи до Лоазо: Очекуваме конкретни чекори од ЕУ и од НАТО за напредокот на Македонија

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска во Париз со министерката за европски прашања при Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Натали Лоазо, разговараше за евроатлантските интеграции на Македонија, како и за билатералната соработка меѓу двете земји. Османи ја информирал Лоазо за текот на спроведувањето на планот „3-6-9“ и посочил дека имплементацијата на првиот дел од планот е при...

Заев – Шчербак: Стремежот кон ЕУ и кон НАТО не е пречка за развој на односите со Русија

Евроатлантските стремежи на земјава не се и не треба да бидат пречка за развој на билатералните односи меѓу Македонија и Русија, особено зашто и кај двете држави постои став за одржлив систем на безбедност во светот. Ова е заедничката оценка од денешната средба на премиерот Зоран Заев со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак. Рускиот амбасадор, како што...

ОМД бара од Трамп да се заложи за членството на Македонија во НАТО

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) побараа од американскиот претседател Доналд Трамп на претстојната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрс во Вашингтон да се заложи за членството на Република Македонија во НАТО. „Од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година, САД ја поддржуваат Република Македонија во нејзините напори за целосна евроатлантска интеграција. Република Македонија, од друга страна, е силен сојузник и поддржувач...

Борисов телефонски му честиташе на Заев за успешното спроведување на изборите

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со својот бугарски колега, Бојко Борисов, кој, како што соопштија од Владата, му го честитал на Заев успешното спроведување на локалните избори. „Премиерот Борисов му го честиташе на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакна дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа...

Марковиќ – Заев: Пет средби за пет месеци, продолжува соработката за развој на регионот

Одличната комуникација меѓу Македонија и Црна Гора е пример за добра билатерална соработка, изјави денеска во Скопје црногорскиот премиер Душан Марковиќ, на заедничката прес-конференција со претседателот на македонската Влада, Зоран Заев. - Ова е петта средба во измениве четири-пет месеци, по таа во Брисел, Трст, Подгорица, Драч, а сега во Скопје. Применуваме нова практика за лидерите од Балканот, односно директни разговори и...

Русија е отворена за соработка со САД и со НАТО, тврди Лавров

Русија е отворена за чесна соработка со САД и со НАТО, која би се темелела на потрага по рамнотежа на интереси, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. - Без разлика на русофобијата меѓу некои елити на Западот, ние сме секогаш отворени за соработка со САД, ЕУ и со НАТО – рече Лавров на панел-дискусијата во Сочи, под наслов...

Столтенберг: САД и Турција треба да најдат решение за спорот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика САД и Турција да пронајдат решение за кризата во односите помеѓу двете клучни членки на Алијансата. Тој ја истакна важната улога на Турција во борбата против тероризмот. - Ги повикувам САД и Турција да најдат решение затоа што за Алијансата е важно да можеме блиску и меѓусебно да соработуваме, особено во тој регион и...

Македонија може да биде следната членка на НАТО, оцени Хачисон

Постојаниот амбасадор на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачисон, оцени дека Макдонија е земја што може да ги исполни критериумите за да стане следна членка НАТО, но додаде дека мора да се реши проблемот со името, односно да се најде решение што ќе биде прифатливо и за Грција. Хачисон, во интервју за американскиот весник „Вашингтон пост“, рече дека ја поддржува интеграцијата на...

Груевски им се пожали на амбасадорите дека власта ги злоупотребувала институциите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска имал средба со амбасадорите на САД, на државите членки на Европската Унија и на НАТО во земјава, на која од страна на партијата било посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели. Од ВМРО-ДПМНЕ, како...

Груевски: Нашата борба е за просперитетна Македонија, интегрирана во НАТО и во ЕУ

Денот на народното востание ја демонстрираше желбата на македонскиот народ за слобода и за сопствена држава, а нашата борба е борба за економски просперитетна Македонија, целосно интегрирана во НАТО и во ЕУ, каде и природно припаѓа, се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание. „11 Октомври е повеќе од...

Платите во АРМ ќе се зголемат за 10 отсто од јануари 2018 година

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која заедно со министерот за финасии, Драган Тевдовски, ја посети касарната во Штип, информираше дека сите припадници на Армијата на Република Македонија од јануари 2018 година ќе добијат зголемување на платите за 10 проценти. Таа посочи дека изминатите години не се инвестирало доволно во условите за работа во Армијата и дека со право припадниците на Армијата...

НАТО не сака нова Студена војна со Русија, порача Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Букурешт рече дека Алијансата не сака нова Студена војна со Русија. - Загрижени сме поради недостигот од (руска) транспарентност кога станува збор за воени вежби. Сепак, Русија е наш сосед и не сакаме да ја изолираме, ниту, пак, сакаме нова Студена војна со таа земја – рече Столтенберг на крајот на четиридневното заседание на...

Шекеринска – Јелениевски: Да се прошири воената соработка меѓу НАТО и АРМ

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска имала средба со воена делегација на НАТО, предводена од бригадниот генерал, Маријан Јелениевски, заменик-директор на секторот за безбедносна соработка на Алијансата. На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, било разговарано за продлабочување на соработката меѓу НАТО и Армијата на Република Македонија (АРМ). Генералот Јелениевски на средбата истакнал дека засилената политичка активност на Македонија...

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Граната за која се претпоставува дека е од Првата светска војна вчера била однесена во полициската станица во Берово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), предупредувајќи дека ваквата...